Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](7)

Институт за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје

Вкупен буџет: 2.962.939 денари

Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци)

Специфична тема: БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА И ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО

Партнери:

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,

Институт за социолошки и политичко-правни истражувања-Скопје (ИСППИ)

Конституенти: 

Граѓани од целните општини; локални заедници; граѓански организации; новинари и медиуми; истражувачки новинари; локални и централни институции; општински инспекциски служби; носители на одлуки на локално и национално ниво.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Преку изработка на систематизиран, на докази заснован преглед на организацијата, капацитетите и постапувањето на локалните инспектори, како и анализа на тоа како се применуваат начелата на законитост и одговорност во нивната работа, проектот создава конкретна основа за институционални реформи и унапредување на интегритетот на локалниот инспекциски надзор.

ОПИС НА АКЦИЈАТА

Акцијата е насочена кон зголемување на транспарентноста и отчетноста на локалните институции преку следење на работата на инспекциските служби и јакнење на граѓанскиот надзор врз нивното постапување. Проектот комбинира истражување, анализа на политики, јавни дебати и активности за застапување со цел унапредување на институционалните механизми за контрола и подобрување на овозможувачката околина за активно граѓанско учество на локално ниво.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Да се унапреди законитоста, одговорноста и интегритетот во работата на локалните инспекциски служби, како дел од системот на владеење на правото

Специфична цел:

  • Да се обезбеди систематизиран преглед на моменталната состојба, надлежностите и ризиците од корупција во локалниот инспекциски надзор.
  • Да се зголеми отчетноста и интегритетот во работата на локалните инспектори преку анализа на начелото на законитост и одговорност.

 РЕЗУЛТАТИ

  1. Изработен и објавен сеопфатен преглед на состојбата на локалниот инспекциски надзор во сите општини, со класификација по тип на инспекциски служби и број на инспектори во однос на бројот на жители и субјекти на надзор, како и родовата застапеност во инспекциските служби.
  2. Изработена и објавена анализа на правната рамка за локален инспекциски надзор, со идентификувани правни празнини, преклопувања и дискрециони овластувања што создаваат ризици од корупција.
  3. Изработена и објавена анализа за примената на начелото на законитост во локалниот инспекциски надзор, заснована на преглед на жалби во второстепена постапка и судски пресуди поврзани со работењето на локални инспектори.
  4. Изработена и објавена анализа за примената на начелото на одговорност, преку преглед на линиите на отчетност и типовите на одговорност на локалните инспектори (дисциплинска, кривична, управна), како и анализа на предмети во кои се бара дисциплинска, кривична или друг вид одговорност од локални инспектори, вклучително и родовата димензија.
  5. Осмислена и реализирана кампања на социјални мрежи за промоција на резултатите.
  6. Организирани еден јавен настан за промоција на наодите од анализите и една обука и најмалку еден брифинг со медиуми кои работат истражувачко новинарство.

 АКТИВНОСТИ

  1. Развивање на методологија за собирање и систематизација на податоци за локален инспекциски надзор
  2. Испраќање барања за пристап до информации од јавен карактер до сите општини
  3. Спроведување кратки структурирани интервјуа со локални инспектори и секретари на општини
  4. Внесување и обработка на добиените податоци во единствена база
  5. Изработка на аналитички извештај и визуелизации
  6. Дизајн, лекторирање и објавување на прегледот на веб-страница и достава до релевантни чинители
  7. Преглед и мапирање на сите релевантни закони и подзаконски акти кои го засегаат локалниот инспекциски надзор
  8. Идентификација на преклопувања, празнини и дискрециони овластувања
  9. Консултации со правни експерти и претставници на релевантни институции
  10. Подготовка на наоди и препораки за подобрување на правната рамка
  11. Дизајн, лекторирање и објавување на анализата на веб-страница и достава до релевантни чинители
  12. Развивање на методологија за селекција на примерок од жалби и судски пресуди поврзани со локален инспекциски надзор
  13. Анализа на предметите според тип на прекршок и исход
  14. Интервјуа со членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, со правни експерти и претставници на релевантни институции
  15. Изработка на тематска анализа со наоди и заклучоци за системски слабости
  16. Дизајн, лекторирање и објавување на анализата на веб-страница и достава до релевантни чинители
  17. Развивање на методологија за селекција и анализа на дисциплински, кривични и управни предмети против локални инспектори
  18. Испраќање барања за пристап до информации од јавен карактер до сите општини
  19. Интервјуа со претставници на општински служби, дисциплински комисии и инспекторати
  20. Идентификување на типови и институционални механизми за одговорност кај локалните инспектори
  21. Изработка на анализа со препораки за унапредување на одговорноста
  22. Дизајн, лекторирање и објавување на анализата на веб-страница и достава до релевантни чинители
  23. Подготовка на стратегија и визуелен идентитет за кампањата
  24. Развивање на 20 визуелни содржини врз основа на наодите од четирите анализи
  25. Планирање и спроведување на таргетирана кампања на Facebook, Instagram и LinkedIn
  26. Следење на метрики за опфат, интеракции и ангажман и подготовка на извештај со анализа на ефектите од кампањата
  27. Подготовка на агенди, покани и промотивни материјали
  28. Вклучување на претставници од Инспекциски колегиум, ДКСК, Министерството за локална самоуправа, Меѓуресорското тело за борба против корупција, општини и медиуми
  29. Презентација на резултатите и модерирана дискусија со институции и јавност
  30. Организирање обука за користење на податоците за потребите на истражувачкото новинарство
  31. Рефлектирање на ставови на граѓанските организации и одржување средби со граѓански организации и институции
  32. Организирање настан на Мрежата за финансиска одржливост на граѓанските организации
  33. Креирање аргументи и здружено застапување
  34. Застапување преку медиуми и јавност

ВЕБ СТРАНИЦА

https://idscs.org.mk/mk/

Продолжи со читање

  • Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ)

    Вкупен буџет: 3.240.057 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.10.2026 (10 месеци) Специфична тема: Борба против корупција и истражувачко новинарство Партнери: Македонски институт за медиуми (МИМ) Конституенти:  Новинари и уредници од локални, приватни и национални медиуми Новинари и уредници од Македонската радио телевизија (МРТ) Медиумски професионалци и медиумски организации Граѓани како корисници…

  • Зелен институт – Скопје

    Вкупен буџет: 2.999.983 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Здружение на сопственици на приватни шуми – Берово Конституенти:  Граѓани; земјоделци; сопственици на приватни шуми; локални заедници; граѓански организации; локални власти и јавни институции; образовни институции; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Избраниот проект од…

  • РЕСИС – Скопје

    Вкупен буџет: 3.000.000 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: ОВОЗМОЖУВАЧКА ОКОЛИНА ЗА РАЗВОЈ НА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО Партнери: Совет за етика во медиумите во Македонија – СЕММ Конституенти:  Граѓански организации и неформални групи кои работат на теми поврзани со општествен развој и јавни политики, активни граѓани, млади и…

  • Отворете ги прозорците

    Вкупен буџет: 2.998.600 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Дигитална инклузија и добро владеење Партнери: Здружение за унапредување на младинскиот активизам ЗЕТА Конституенти:  Млади лица; лица со попреченост; граѓани со ограничен пристап до дигитални услуги; граѓански организации; локални и централни институции; јавни службеници; образовни институции; медиуми. За…

  • Здружение на еколози „Натура“ – Струга

    Вкупен буџет: 2.848.300 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Извиднички одред „Мирко Милески“ – Кичево Конституенти:  Граѓани од Југозападниот регион (Струга, Охрид, Вевчани, Дебар и Кичево); млади лица; жени; ученици и наставници; граѓански организации; локални власти и општински администрации; образовни институции; медиуми; локални заедници;…

  • Младински сојуз – Крушево

    Вкупен буџет: 2.999.227 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Унапредување на дигиталната трансформација Партнери: Конституенти:  Млади лица од Крушево и целните општини; граѓани од локалните заедници; граѓански организации; локални власти и општински совети; јавни институции; образовни установи; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Проектот „Мојот глас во…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор