Младите можат – Скопје
Вкупен буџет: 2.987.080 денари
Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци)
Специфична тема: СОЦИЈАЛНА КОХЕЗИЈА
Партнери:
Здружение на граѓани Супортко Кочани
Конституенти:
Млади лица, младински организации и неформални младински групи, локални заедници во кои делуваат младите и граѓани засегнати од темите на социјална кохезија.
За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Избраната тема, социјална кохезија, се однесува на зајакнување на солидарноста, довербата и меѓусебната поддршка меѓу младите и заедниците. Целта е да се развијат системски и локални механизми што ги поврзуваат младите како активни чинители во управување со кризи.
ОПИС НА АКЦИЈАТА
Акцијата е насочена кон зајакнување на социјалната кохезија преку поттикнување на активно учество на младите во заедницата, јакнење на младинските иницијативи и создавање простор за соработка помеѓу младите, младинските организации и локалните заедници. Проектот комбинира едукативни, теренски и комуникациски активности со цел подобро меѓусебно разбирање, зголемена вклученост и градење доверба меѓу различни општествени групи.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Да се поттикне системска промена во начинот на кој државните институции, локалните самоуправи и граѓанското општество се справуваат со кризни ситуации, преку воспоставување национален модел што ја зајакнува отпорноста, солидарноста и активно младинско учество во превенција, реакција и опоравување на заедниците.
Специфична цел:
- Да се развие и институционализира национален модел за младинско управување со кризи, заснован на партнерство меѓу младинските центри, граѓанскиот сектор и релевантните институции.
- Да се зајакнат знаењата и капацитетите на младинските центри и граѓанските организации за превенција, брза реакција и психосоцијална поддршка во кризни ситуации.
- Да се поттикне култура на солидарност, превенција и активно младинско учество преку јавни кампањи, дијалог и застапување.
РЕЗУЛТАТИ
- Воспоставен национален модел и протокол за младинско управување со кризи.
- Зајакнати капацитети на младинските центри и граѓанските организации за делување во кризни ситуации.
- Зголемена јавна свест и младинско учество во промовирање култура на солидарност и превенција.
АКТИВНОСТИ
- Анализа и истражување на моменталната состојба со младинските центри и граѓанскиот сектор
- Формирање на експертска група за подготовка на нацрт Национален протокол
- Тестирање на нацрт верзијата на Протоколот преку симулација
- Финализирање на Националниот протокол врз основа на резултатите од симулацијата
- Средби за застапување и лобирање за усвојување на Протоколот
- Подготовка на прирачник за градење капацитети
- Организирање сертифицирани обуки во пет града
- Национална симулација на кризна состојба
- Јавна кампања „#ПОВРЗАНИ ВО КРИЗА“
- Завршен национален настан – конференција


![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](10)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga10.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА]](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](1)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga1-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](2)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga2-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](3)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga3-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](4)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga4-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](5)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga5-768x384.jpg)