Презентиран Индексот на политички интегритет
На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации.
Во своето воведно обраќање, Гордан Георгиев од Форум за разумни политики истакна дека ИПИ е создаден во контекст на длабоко намалена доверба на граѓаните во институциите и политичките актери. „Она што сите го чувствуваме, сега е потврдено со податоци: јавниот дискурс сè почесто е обременет со нетранспарентност, негативна реторика и недоволна отчетност. Индексот не е алатка за казнување, туку механизам за поттикнување доблест, учење и партнерство,“ нагласи Георгиев.
Наодите од теренското истражување на јавното мислење ги презентираа Светлана Сиљјаноска, консултантка за стратешки комуникации, и Елена Огненовска од Тим Институт. Резултатите покажаа јасен став на граѓаните: политичката релевантност мора да се мери и преку интегритет, не само преку политичка моќ. Истражувањето фрли светлина на потребата од повисока отчетност, етичко однесување и институционални практики што градат доверба кај граѓаните.
Во вториот дел од настанот беше претставена методологијата на Индексот за политички интегритет. Георгиев и Сиљјаноска објаснија дека ИПИ поставува неколку клучни цели:
- нормализација на интегритетот како мерило за политичка релевантност,
- јакнење на видливоста и признанието за етичко и чесно однесување,
- отворање можности за корекција и унапредување на институционалните практики,
- поттикнување дијалог заснован на вредности.
ИПИ е замислен како општествен ресурс, а неговата сила и кредибилитет зависат од учеството на сите засегнати страни – институциите, независните тела, академската заедница, медиумите и граѓанскиот сектор. На настанот беше истакнато дека Форум за разумни политики веќе упати писмо на намера до засегнатите чинители за воспоставување партнерство во заедничка имплементација и институционализација на ИПИ.
Со оваа презентација започнува поширок општествен процес за градење нов јавен стандард, во кој политичкиот интегритет не е исклучок туку норма.

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #50299](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/08/velesani_brcko-768x862.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #50295](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/08/image-1024x595-1-768x446.png)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #50278](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/08/45-768x406.jpg)

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #50255](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/08/ipos-panel-presentation-title-en-768x432.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #50166](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/08/makedonski-brod-helicopter-featured-web-768x432.jpg)