[Aggregator] Downloaded image for imported item #42233

Дали постојните програми навистина ги адресираат родовите разлики кај младите кои употребуваат дроги?

Оваа публикација е изработена во рамки на проектот „Креирање родово базирани програми за млади кои употребуваат дроги“, финансиран од ЕУ – Еразмус+ програмата. Проектот има цел да ги поддржи организациите, институциите и професионалците кои работат со млади, преку развивање практики и програми што ја препознаваат родовата разновидност и потребите на различните групи млади кои употребуваат дроги.

Главните цели на проектот се:

  • да се идентификуваат бариерите со кои се соочуваат младите жени, ЛГБТИ+ младите, транс и небинарните лица во пристапот до услуги;
  • да се анализира постојниот систем на политики и програми;
  • да се развијат препораки за родово сензитивни и родово трансформативни услуги;
  • да се зајакнат организациите што работат на терен со практични насоки и алатки.

Публикацијата претставува сеопфатна родова анализа на програмите за намалување на штети за млади во Северна Македонија. Истражувањето ги комбинира кабинетската анализа (стратегии, политики, закони) и теренски податоци (интервјуа, фокус група) за да го процени степенот на родова сензитивност во постојните услуги.

Клучни точки од извештајот:

  • Стратегиите за дроги и ХИВ формално го признаваат родот, но имплементацијата е слаба и многу мерки остануваат само на хартија.

  • Недостасуваат специфични програми за жени, за млади, за транс и небинарни лица, иако потребата од нив е голема.

  • Организациите што спроведуваат програми за намалување на штети имаат силна свест, но се соочуваат со ограничено финансирање, недостиг на кадар и намалени услуги.

  • Младите жени, ЛГБТИ+ младите и лицата од рурални средини се соочуваат со силна стигма, срам, небезбедност и структурни бариери во пристапот до услуги.

  • Постојат позитивни примери – женски центри, безбедни простори, теренски тимови со вклученост на ЛГБТИ-членови, вмрежувања – но нивната одржливост е загрозена.

  • Извештајот дава конкретни препораки, меѓу кои: стабилно финансирање, отворање родово сензитивни сервиси, вклучување на млади и жени во креирање програми, нови протоколи за различни подгрупи и интерсекциски пристап во сите нивоа на планирање.

Овој документ претставува важен ресурс за сите кои работат на развивање политики и практики што се инклузивни, правични и ориентирани кон реалните потреби на младите.


The post Дали постојните програми навистина ги адресираат родовите разлики кај младите кои употребуваат дроги? appeared first on ХОПС.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор