NSPDU Highschool students2

Зошто ни е потребен национален систем за превенција од употреба на дроги во училиштата?

Податоците јасно ни укажуваат дека учениците во Македонија се соочуваат со ризици кои не смеат да останат занемарени.

Според ESPAD, европското истражување спроведено кај ученици на возраст 15–16 години (ESPAD Report 2019):

  • 7% од учениците во Северна Македонија пробале канабис барем еднаш
  • 4% го користеле во изминатата година
  • 9% користеле инхаланти
  • 5% земале рецептурни лекови без медицинска потреба

Извор: ESPAD Report 2019 – North Macedonia

Ова се деца на 15–16 години.

Според податоците од Институтот за јавно здравје (National Drug Situation Overview – North Macedonia, 2022), првото експериментирање со супстанции — алкохол, цигари, канабис — најчесто се случува на возраст од 13 до 15 години, што е токму периодот кога училиштата имаат најголема можност за рана интервенција.
Извор: NDSO 2022 (МЗ & ИЈЗ)

Сепак нашата држава сѐ уште нема национален систем за превенција:

  • нема унифицирани стандарди,
  • нема системска програма,
  • нема обука за наставниците и стручните служби,
  • нема координација меѓу образованието и здравството,
  • нема редовен мониторинг на трендовите кај младите.

Според EUDA – European Union Drugs Agency (2024 Data Sheet), Северна Македонија не располага со целосно воспоставен национален систем за следење на податоци поврзани со дроги кај младите.
Извор: EUDA North Macedonia Data Sheet 2024

Во неколку основни училишта се спроведуваат одредени програми , што е позитивно и корисно, но тоа не претставува национален систем — ниту е усогласено решение за сите училишта, ниту покрива средни училишта.
Тоа значи дека поголемиот дел од училиштата и понатаму немаат стандарди, алатки, ниту институционална поддршка.

Во Европа, најуспешните држави применуваат модел каде што превенцијата е:

  • системски организирана,
  • заснована на докази,
  • поддржана со стандарди и програми,
  • со обучен кадар и редовен мониторинг.

Ова се принципите препорачани од WHO и UNODC, во документот International Standards on Drug Use Prevention (2018), кој ја дефинира превенцијата како долгорочен, структуриран процес.

Извор: WHO & UNODC International Standards (2018)

Затоа во Македонија има потреба од национален систем за превенција во училиштата.

Систем кој ќе обезбеди:

  • јасни стандарди
  • алатки за наставниците
  • поддршка за стручните служби
  • усогласен пристап на сите институции

Тоа значи реална заштита за младите.

Превенцијата не е еднократен настан, туку квалитетна долгорочна институционална работа.
Затоа треба да биде систем, а системот треба да биде национален.

ХОПС работи на воспоставување на првиот национален модел за превенција во средните училишта, со цел секое дете да расте во средина која обезбедува можности, знаење и поддршка за здрави избори.


Проектот „Воспоставување на национален систем за превенција на употреба на дрога во средните училишта“ е ко-финансиран од Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).
Содржината на оваа објава е единствена одговорност на ХОПС – Опции за здрав живот и не ја одразува нужно гледната точка на Европската Унија.

The post Зошто ни е потребен национален систем за превенција од употреба на дроги во училиштата? appeared first on ХОПС.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

Продолжи со читање

  • Членовите на Советот на МЦМС ја истакнаа клучната улога на МЦМС во граѓанскиот сектор

    Советот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 28 април 2026 година одржа редовна седница, на која беше разгледан и усвоен Годишниот извештај на организацијата за 2025 година, наративен и финансиски, заедно со Извештајот од независниот ревизор.

  • МЛАДИНСКА ШКОЛА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ И ЛОКАЛЕН АКТИВИЗАМ

    Млади гласови, конкретни чекори: 21–24 април 2026, СкопјеУчесници од: Скопје · Штип · Битола · Струга · Крива Паланка · Центар Жупа Школата за родова еднаквост и локален активизам обедини седум млади луѓе од шест различни општини, со различни искуства и позадини, но со заедничка […]
    The post МЛАДИНСКА ШКОЛА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ И ЛОКАЛЕН АКТИВИЗАМ appeared first on Myla.

  • Европски зелен договор и Зелена агенда за Западен Балкан

    Како Европскиот зелен договор влијае врз нашата иднина? Што значи Зелената агенда за Западен Балкан за младите, бизнисите и заедниците? На настанот кој се одржа во соработка со СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци присуствуваа многу млади лица, претставници од општините, училиштата и институциите. Заедно имавме можност да дискутираме и да научиме нешто повеќе за Европскиот зелен договор и Зелената агенда за Западен Балкан. Без суштински реформи, јасна визија и политичка волја, Европскиот зелен договор за нас останува повеќе декларативна цел отколку реално достижен пат. Додека сè уште се бориме со основни системски слабости, зборуваме за Европскиот зелен договор како да сме подготвени за иднината, а не сме ги решиле проблемите на сегашноста. Зелената транзиција бара институции, инвестиции и одговорност – три столба што кај нас сè уште не се доволно цврсти за исполнување на европските стандарди. Зелена иднина започнува денес! Да бидеме дел од решението – не од проблемот. Фотографии:

  • Брифинг за медиуми: Македонија каска во превенцијата на рак на грло на матка

    На 28.04.2026 година ЕСЕ одржа брифинг за медиуми на кој беа презентирани наодите од мониторингот на спроведувањето на Програмата за скрининг на рак на грлото на матката. Анализата покажува дека Македонија е далеку од потребниот опфат на жени со скрининг, неопходен за навремено откривање и превенција на ова заболување. Во…

  • Соопштение за медиуми – Македонија каска во превенцијата на рак на грло на матка

    Македонија заостанува во борбата против рак на грло на матка и е далеку од исполнување на целта за опфат на 70% од жените со скрининг до 2030 година со цел целосно искоренување на смртноста од оваа болест, поставена од Светската здравствена организација. Главна причина за ваквата состојба е што Програмата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор