[Aggregator] Downloaded image for imported item #41673

Создаваме подобра средина за девојчињата во ВПУ Тетово

Во рамки на проектот „Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции“, финансиран од Европската унија, Хелсиншкиот комитет за човекови права помогна во опремувањето на женското одделение во Воспитно-поправната установа Тетово.

Во одделението се постави нов мебел, основна опрема, средства за рекреација, како и дополнителни ресурси кои придонесуваат за побезбедна, подостоинствена и попоттикнувачка средина за женските лицата кои издржуваат воспитно-поправна мерка. Со ова, значително се подобрува квалитетот на секојдневниот престој и можностите за личен развој.

Во женското одделение во овој момент има една корисничка која ни ја сподели својата перспектива за направените подобрувања:

Во Идризово седев 9 месеци, по 22 саати во соба. Тука ми е подобро, зошто не сум затворена, имам по други активности, како спорт, пинг понг, пилатес, и имам поголем простор кај да се движам. Можам да ја користам дневната кај што има убав мебел и телевизор.”

Активноста претставува дел од пошироките напори за унапредување на условите, заштитата на човековите права и поддршката на децата и ранливите групи во затворени институции низ државата.

The post Создаваме подобра средина за девојчињата во ВПУ Тетово appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Што можеме да научиме од другите?

    Кога зборуваме за превенција на употреба на дроги кај младите, Европа нуди јасни лекции: успехот не е случајност, туку резултат на систем. Искуствата од регионот и пошироко покажуваат дека најдобрите резултати се постигнуваат кога институциите, училиштата и заедницата дејствуваат координирано. Хрватска: Кога здравството ја води превенцијата Хрватска е пример за земја каде превенцијата не е препуштена […]
    The post Што можеме да научиме од другите? appeared first on ХОПС.

  • Три години посветеност на одржливиот туризам: Финале на проектот PRepare во Турција

    По три години интензивна работа, посветеност и силна меѓународна соработка, на 26 ноември го одбележавме официјалното завршување на проектот PRepare – иницијатива што ги поврза младите и локалните институции од Македонија, Турција, Италија и Грција околу заедничка визија: развој и унапредување на одржливи туристички практики. Финалната конференција се одржа во градот Ушак, Турција, каде заедно […]

  • ПОВИК ЗА УМЕТНИЧКИ КОНКУРС

    ПОВИК ЗА УМЕТНИЧКИ КОНКУРС „Надежта што се Преродува“ Центарот за Одржлив Развој на Заедницата – Дибër ги поканува учениците од […]

  • Студиска посета во НП Маврово

    Во организација на Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар а во рамки на проектот ,, Учиме за климатските […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор