[Aggregator] Downloaded image for imported item #41393

Eco Logic меѓу најбараните организации на INNEXA Alliance 2025 во Мадрид

На 4 и 5 ноември, во Talent Garden – Мадрид, се одржа настанот на INNEXA Alliance, кој обедини 127 учесници, 84 организации и 34 земји од 3 континенти, меѓу кои беа универзитети, компании, јавни институции и граѓански организации посветени на иновации, одржливост и прекугранична соработка.

Вкупно беа организирани 445 состаноци, а нашата организација беше препознаена како една од најбараните за 1-на-1 средби, од вкупно 88 присутни организации. Во текот на само два дена, одржавме 30 состаноци — вистински маратон на идеи, разговори и нови партнерства. Овој резултат е потврда за проактивниот пристап, силната мрежа на партнери и континуираната посветеност кон создавање значајни соработки.

Никола учествуваше со презентација на два проекти и концепти поврзани со стручно образование во областа на заштитата на животната средина, при што ги сподели нашите искуства и пристап кон развој на зелени вештини и одржливо образование.

Настанот овозможи воспоставување нови контакти, размена на идеи и иницирање потенцијални партнерства со организации од различни сектори, што дополнително го зајакна нашето учество во меѓународни процеси поврзани со зелената и дигиталната транзиција.

Активното вклучување во INNEXA Alliance претставува можност за пристап до европски и меѓународни програми за финансирање, развој на проекти со висок импакт и градење на стратегиски партнерства кои придонесуваат за иновации, раст и одржлив развој.

Што претставува INNEXA:

  • 👉Стратешки партнерства за иновации и раст
  • 👉Споделување на знаење и прекугранична соработка
  • 👉Пристап до високо ниво на вмрежување и простори за ко-креирање
  • 👉Поддршка во меѓународно финансирање и развој на проекти

Во следниот период, ќе ги продолжиме разговорите започнати на настанот, со цел развивање на нови заеднички иницијативи и проекти со висок импакт.
Благодарност до тимот на INNEXA Alliance и сите учесници за инспиративниот и продуктивен настан. Со нетрпение очекуваме да ги претвориме можностите од Мадрид во реални резултати за поодржлива иднина.

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор