[Aggregator] Downloaded image for imported item #41361

Директна линија со експерт: д-р Дарко, специјалист психијатар за зависности.

Сцената со психоактивните супстанции се менува брзо. На пазарот постојано се појавуваат Нови Психоактивни Супстанции (НПС) кои се неиспитани, непредвидливи и носат сериозни ризици. Знаеме дека е тешко да се најде вистинско, брзо и, најважно, проверено инфо или поддршка за овие предизвици.

Кога работите ќе станат тешки, треба тивок и сигурен простор за да зборуваш – без осуда, без драма, без „фаци“. Некои муабети не можеш да ги отвориш со било кој, и тоа е сосема во ред.

Нашето решение: Проектот Next Gen Harm Reduction

Како дел од проектот Next Gen Harm Reduction (NEHRD), нашата визија е да понудиме поддршка што е стручна и достапна. Ние веруваме дека информацијата и поддршката спасуваат животи, особено кога се работи за непознати ризици.

Затоа, понудивме решение што го задоволува најважниот услов: FULL PRIVACY и анонимност.

Директна линија со експерт: д-р Дарко на Telegram

Од четврток, 13.11.2025 можеш да закажеш целосно анонимен разговор со д-р Дарко, специјалист психијатар за зависности.

Што добиваш?

  • Директна комуникација: Повик преку Telegram (аудио или видео, ти си одлучуваш!).
  • Анонимност 100%: Твојот број нема да биде видлив (ако си ги наместиш Telegram поставките).
  • Време за тебе: Секоја сесија трае до 30 минути – право во поента.
  • Доверливо и Бесплатно: Разговорите се ТОТАЛНО БЕСПЛАТНИ и FULL DОVЕРЛИВИ.
  • Ограничен број: Се закажуваат однапред – max 4 термини неделно.

Како до својот термин?

  1. Отвори го Telegram-от.
  2. Побарај: @hops_sovetuvanje
  3. Испрати порака: „Сакам да закажам советување со д-р Дарко. Кога е слободно?“

Chat Support: Брз совет од ХОПС

Не можеш да чекаш термин, или ти треба брза информација?

Додека чекаш (или во било кое друго време), можеш да се консултираш преку чат со социјален работник од ХОПС. Овие луѓе се експерти за намалување на штети и поддршка за безбедна употреба.

Без осуда. Без обврски. Само разговор – тогаш кога ти треба.

Keep it safe. Keep it real.


Искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија . Ниту Европската унија, ниту телото надлежно за доделување на грантот не можат да сносат одговорност за нив.

The post Директна линија со експерт: д-р Дарко, специјалист психијатар за зависности. appeared first on ХОПС.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор