[Aggregator] Downloaded image for imported item #41227

ЕУ укажува на застој во унапредувањето на човековите права и борбата против дискриминацијата во Северна Македонија

Хелсиншкиот комитет за човекови права смета дека годинешниот Извештај на Европската унија за напредокот на Северна Македонија,  нотира згрижувачки наоди, особено во делот кој се однесува на недискриминацијата, родовата еднаквост и положбата на граѓанското општество. Извештајот недвосмислено укажува дека земјата го одложува усогласувањето на принципите на недискриминација во сите релевантни закони, што претставува сериозен чекор назад во однос на претходно постигнатите резултати.

Извештајот нотира дека нема напредок во независноста на судството. Политички притисоци врз Судскиот совет, недостиг на кадар и средства, како и голем заостаток на предмети ја поткопуваат ефикасноста. Буџетот за судството изнесува само 0,3% од БДП, далеку под законскиот минимум.

Корупцијата останува причина за „сериозна загриженост“, се наведува во Извештајот.

„Случајот Кочани во кој загинаа 62 лица, откри институционална немарност и коруптивни практики“, стои во Извештајот.

Посебно алармантни се последните измени на Законот за основно и средно образование и Законот за учебници, кои беа донесени по скратена постапка и без соодветни консултации со засегнатите страни, вклучувајќи ги и граѓанските организации. Со овие измени беа отстранети содржини поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје, како и со родовата еднаквост, што претставува директно нарушување на европските вредности и обврските што државата ги презема во процесот на пристапување кон ЕУ.

Граѓанските организации навремено реагираа на овие измени и повторно ја истакнаа својата посветеност на човековите права, родовата еднаквост и европските стандарди. Сепак, тие реакции на граѓанскиот сектор останаа без соодветен институционален одговор. Заради тоа граѓанските организации ќе поднесат иницијатива до Уставниот суд за оцена на уставноста на овие закони.

Во делот за родова еднаквост и борба против родово базираното насилство, ЕУ нотира дека правната и институционалната рамка во земјата е сè уште нецелосна, а механизмите за спроведување и заштита треба значително да се подобрат. И покрај усвоената Национална стратегија за родова еднаквост (2022–2027), извештајот нотира дека спроведувањето на Акциски план е недоволно, а усогласувањето со европското законодавство и меѓународните стандарди е ограничено.

Дополнително, говорот на омраза базиран на род и сексуална ориентација, како и заканите кон бранителките на човековите права, остануваат широко распространети, особено на социјалните мрежи. Наместо зајакнување на политиките за родова еднаквост, во некои општини се забележува ретрограден тренд на заменување на терминот „родова еднаквост“ со „еднаквост меѓу мажи и жени“, што ја поткопува суштината и целта на родовата перспектива како европски стандард.

Во делот на Извештајот за затворскиот систем се нотира дека земјата треба да се справи со тешките услови во затворите и пренатрупноста на установите и да продолжи со напорите за промовирање и употреба на алтернативите мерки на казнување. Исто така, да продолжи со спроведување на релевантните препораки за условите на притвор. Овие наоди на Извештајот и особено од Европскиот комитет за спречување на тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување (CPT)  целосно соодвествуваат со наодите и работата на Хелсиншкиот комитет во оваа област.

Европската комисија во делот за граѓанското општество забележува дека иако организациите генерално функционираат во поволна средина, просторот за граѓанско делување постепено се стеснува. ЕУ го нагласува недостатокот на транспарентност во државното финансирање и потребата од јасна институционална рамка за соработка со граѓанскиот сектор – фактори кои се клучни за демократскиот развој и заштитата на човековите права.

Оттаму Европската унија констатира стагнација во областа на недискриминацијата и човековите права во Северна Македонија. Ова е особено загрижувачко со оглед дека во изминатите години беше забележан извесен напредок, кој сега е доведен во прашање поради недоследни политики и ограничено спроведување на реформите.

Хелсиншкиот комитет потсетува дека усогласувањето со европските стандарди за човекови права и недискриминација не е само формална обврска во пристапниот процес, туку темелна вредност на демократското општество. Потребно е итно да се засилат механизмите за спроведување на законите за заштита од дискриминација, да се вратат содржините за сексуално и репродуктивно здравје и родова еднаквост во образовниот систем, да се обезбеди инклузивен процес на консултации со граѓанските организации и да се воспостави транспарентен систем на поддршка за граѓанското општество.

The post ЕУ укажува на застој во унапредувањето на човековите права и борбата против дискриминацијата во Северна Македонија appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права

Продолжи со читање

  • Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето

    Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда. Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и […]

  • Како да се слушне гласот на граѓаните? РЕСИС организираше работилница и дебата во Велес

    Како граѓанските барања и проблеми да бидат повидливи и слушнати од локалната власт? Токму ова прашање беше во срцето на работилницата и јавната дебата што Институтот РЕСИС ја одржа во Велес со граѓани и со претставници на општините од Вардарскиот Регион.

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    На 19 мај, во Скопје, Фондацијата Метаморфозис во соработка со International IDEA го организираше настанот „Зајакнување на отпорноста кон изборни манипулации со информации“, посветен на справувањето со странското мешање и манипулациите со информации (ФИМИ), дезинформациите и заканите по изборниот интегритет. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Справување со изборно поврзани манипулации со информации и […]

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор