[Aggregator] Downloaded image for imported item #41212

Одговорниот пристап и систематското управување со документите овозможува нивна достапност и интегритет за долгорочна и трајна употреба

Одговорниот пристап и систематското управување со документите овозможува  нивнадостапност и интегритет за долгорочна и трајна употреба! – ова беше причината што триесет и шест претставници на граѓанските органиции беа обучени за административно работење на 21.10.2025 година во Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во Скопје.

12 scaled e1761146901537 980x551

На оваа работилница учесниците го зголемија своето знаење за тоа што опфаќа канцелариското и архивското работење и подетално се запознаа со некои од основните поими во канцелариското и архивското работење: архивски материјал, документарен материјал, документ/запис, имател на јавен и приватен архивски и документарен материјал, разлика меѓу канцелариското и архивското работење и др.

Понатаму учесниците научија како се распоредуваат и вреднуваат документите согласно Планот на архивски знаци, Листата на Архивски материјал и Листа на документарен материјал со рокови на чување дадени во Упатството за начинот и техниката за постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење.

Покрај теоретско знаење, учесниците имаа и практични вежби за тоа како се води Деловодник- основната книга за евиденција на сите примени и сопствени документи/записи: начин на запишување на податоците во деловодникот, пренос на основен број, резервација на потребни места, попис на документи/записи, поврзување на актите и сл., како и начинот на употреба на печат, приемен и роковен штембил.

Во последната сесија на работилницата која беше посветена на архивското работење, учесниците стекнаа знаење за начинот на одбирање на архивскиот од документарниот материјал, Попис и опис на архивскиот материјал, како и Попис на документарниот материјал за уништување.

По завршување на работилницата учесниците го изразија своето задоволство од темите кои беа опфатени на истата.

“Обуката за административно работење беше исклучително корисна и преку опфаќање на важни концепти поврзани со канцелариското и архивското работење, ми овозможи да го обновам своето знаење, но и да разјаснам одредени дилеми кои ги имав во пракса„ рече Даниела Антоновска од Здружението за еднакви можности, поддршка и унапредување на статусот на жените и младите ЕКВАЛИТИКО Скопје. “Особено сум задоволна од начинот на кој обучувачката ја водеше обуката –одлична, јасна и конкретна, со детални објаснувања на секое поставено прашање. Ми се допадна што обуката беше интерактивна и што имаше многу практични примери, преку кои полесно се поврза теоријата со практичната работа“, додаде таа.

Темите беа релевантни, а практичните вежби корисни и за Борче Божинов од Здружението СТАР-СТАР од Скопје: “Во ера на брзи трансформации, каде новите практики и регулативи диктираат нови стандарди, оваа обука значително ги продлабочи основите на моето познавање од областа на канцелариското и архивско работење и ми овозможи да бидам подготвен за современите предизвици. Практичните примери и деталните објаснувања во врска со планирањето и вреднувањето на документите, беа клучни во унапредувањето на моето знаење. Ваквите обуки имаат незаменлива улога во јакнењето на капацитетите на граѓанското организации и во градењето на ефикасно, транспарентно и одговорно граѓанско општество. Од ГРЦ заминав со сознанието дека хартијата која ја создаваме како документ добива посилна вредност ако ја чуваме со одговорност и систематски пристап.“ рече тој.

Интересот за јакнење на капацитетите од оваа област граѓанските организации го пријавуваа на јавен повик, а на учесниците им беше посочено пред обуката да ги проследат законските и подзаконските акти од оваа област:

Закон за архивски материјал и архивска дејност

Уредба за канцелариско и архивско работење

Упатство за начинот и техниката за постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење

како и сите други законски и подзаконски акти кои се релевантни за документацијата која што ја поседува имателот.

На работилницата особен нагласок беше ставен на значењето на редовното следење на сите измени во законските и позаконските акти поврзани со оваа тема.

По работилницата, со сите заинтересирани граѓански организации ќе се спроведат и менторски активности на оваа тема.

Работилницата беше организирана во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор