Ktk plakat isshs

Повик за учество во Школата „Феминистичко образование за сите!“

Институтот за општествени и хуманистички науки, Скопје со задоволство го објавува повикот за упис на партиципанти за школаta „Феминистичко образование за сите“. Школата е поддржана од страна на фондацијата Kvinna till Kvinna.

Живееме во ера кога родовата еднаквост, идејата за културната конструираност на родот и gender mainstreaming многу од активистките и жените кои професионално се занимааваат со темата, не ја препознаваат врската меѓу феминизмот и родовата еднаквост. Концептот на „род“ (gender) е производ на третиот бран феминизам, при што Џудит Батлер, автор/ката на Gender Trouble, и денес себеси се опишува како феминистички филозоф/ка. Зошто е тоа така и зошто толку млади денес мислат дека концептот на род е некако одвоен од феминизмот? Кои се корените на тој поим? Но и во кој правец одат трендовите на родовата и феминистичка теорија во првите децении на 21 век? Повеќето од нас, сѐ уште оперираат со дефиницијата на род (наспроти „пол“) креирана во 90-тите и на почетокот на 2000-те. Но денес, се случуваат многу новини кои ја реконструираат и прошируваат оваа концепција и за кои малку знаеме (како ксенофеминизам, феминистички материјализам и слично), и тоа од теорија (академска средина) во пракса (активизам). Ќе понудиме поглед кон корените, историјата на феминизмот и родовите студии, но и вовед во сегашноста која гледа кон иднината, поставува нови хоризонти на разбирањето на концептот на род и критиката на патријархатот.

Особено охрабрени да се пријават се младите и тоа од средини кои не се дел од метрополата, рурални средини, но секако и секој друг кој е заинтересиран/а да го помине овој crash course по родови студии, прилагоден за сечие знаење и пренесен првенствено преку разговор и активности. Понудените теми се:

Хибридните курсеви (во училницата на институтот и преку Zoom) ќе се нудат во овие области: 1) Вовед во основите на феминистичките студии, вклучувајќи кратка историја на идеи и движења (проширен или две сесии), (2) и (3) Главни интелектуални идеи и нивните политички одрази во 21. век: Третиот бран феминизам, ксенофеминизам и нови феминистички материјализми (проширена сесија), 4) Феминизам, технологија и киберфеминизам, 5) Мајчинството и неговата реалност во 21. век,6) Феминистички и родови студии од теорија до практика на политики, 7) Феминизам, род и ментално здравје. Финалната сесија (8) ќе биде посветена на презентации на студентите и завршни заклучоци и организирана како еден вид тркалезна маса.

Работен јазик: македонски (некои од наставните материјали се достапни само на англиски), додека проектните изработки на студент/ките може да се на нивните мајчини јазици иако самото презентирање би се одвивало на македонски.

Пријавете се овде: Апликација и попонете го овој кус и едноставен формулар.

Рок за пријавување до 31 октомври 2025.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Заврши петиот Агро Саем Струмица

    На плоштадот  „Гоце Делчев“ во Струмица се одржа петтото издание на „Агросаем Струмица 2025“, настан чија цел беше да ги спои производителите, откупувачите, трговците, стручни лица и јавноста во еден настан за промоција на нови технологии, производи и идеи во земјоделството

  • Резултати од Повикот за предлог-проекти на Хакатонот за дигитална демократија

    Повикот за предлог-проекти на Хакатонот за дигитална демократија генерираше силен интерес, при што беа примени вкупно 61 апликација од 11 различни земји (Албаниjа, Црна Гора, Северна Македонија, Косово, Молдавија, Украина, Казахстан, Киргистан, Грузија, Ерменија и Турција). Оваа ентузијастична реакција ја истакнува креативноста и мотивацијата на тимовите кои се желни да придонесат кон дигиталната демократија и […]
    The post Резултати од Повикот за предлог-проекти на Хакатонот за дигитална демократија first appeared on Metamorphosis.

  • Повик за учество на тренинг

    Почитувани,  ХОПС – Опции за здрав живот Скопје во соработка со здружението САНАНИМ од Република Чешка и здружение Превент од Србија организира  обука на тема “Родова сензитивна работа со млади кои употребуваат дроги”. Оваа обука  ќе  се одржи во Прага, Репубилка Чешка  од 12 до 18 Ноември.  Целта на оваа обука е да се едуцираат […]
    The post Повик за учество на тренинг appeared first on ХОПС.

  • Finance Think на вториот настан за макро-врсничко учење

    Finance Think, претставуван од нашата Благица Петрески, учествуваше со презентација на своите добри практики на вториот настан за макро-врсничко учење (Second Macro-Peer Learning Event), организиран од World Bank North Macedonia – Светска банка Северна Македонија во рамки на #EU Trust Fund for Strengthening #FiscalGovernance во #ЗападенБалкан. Настанот се одржа во Подгорица на 29–30 септември и […]
    The post Finance Think на вториот настан за макро-врсничко учење first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на вториот настан за макро-врсничко учење appeared first on Finance Think.

  • Повик за учество на еднодневна работилница: „Дигитални социјални иновации“

    Развивање дигитални решенија со општествен импакт
    Дигиталните технологии денес претставуваат клучни двигатели на промени во сите сфери на општеството. Кога ќе се спојат со социјалните иновации, тие создаваат нови можности за решавање на предизвици кои долго време останале нерешени. Овој спој отвора пат кон еден нов бран на суштински општествени трансформации, каде технологијата не е цел сама по себе, туку алатка што служи на заедницата и на луѓето.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор