Viber image 2025 09 08 23 02 33 232.jpg

Заврши петиот Агро Саем Струмица

На плоштадот  „Гоце Делчев“ во Струмица се одржа петтото издание на „Агросаем Струмица 2025“, настан чија цел беше да ги спои производителите, откупувачите, трговците, стручни лица и јавноста во еден настан за промоција на нови технологии, производи и идеи во земјоделството.

На настанот присуствуваа над сто изложувачи, меѓу кои фармери, градинари, пчелари, производители и дистрибутивни компании за репроматеријали и земјоделска опрема, како од Македонија, така и од странство.

Во рамките на саемот, се презентираа најнови модели земјоделска механизација, иновативни ѓубрива и заштитни средства, како и различни производи од прехранбената и кондиторската индустрија. Дел од програмата беше дегустации и продажба на домашни производи, зимници, мед, млечни производи, сокови, со што посетителите имаа можност да дегустираат и да купат свежи локални производи.

Една од централните точки на саемот беше изборот и прогласувањето на најдобрите производители во одредени категории. Во рамките на оваа програма беа избрани „Жена фармер“ и „Млад фармер“ на годината, како и најквалитетен мед по категории.

За најдобри жени фармери беа прогласени Катерина Трајкова од Долно Чичево, велешко и Славица Малинова од село Куклиш, струмичко. Во категоријата „Млад фармер“ наградите им беа доделени на Васил Гавровски од Босилово, Кристина Тодорова од Неготино и Ристе Гоцевски од Моноспитово.

Саемот се одржа под покровителство на Општина Струмица и со финансиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Организатор беше здружението Проагро фармери од Струмица, кое традиционално го реализира овој настан како платформа за промоција на домашното производство, зголемување на свеста за македонската храна и зајакнување на меѓусебната соработка меѓу земјоделците и потрошувачите

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор