Ktk plakat isshs

Повик за учество во Школата „Феминистичко образование за сите!“

Институтот за општествени и хуманистички науки, Скопје со задоволство го објавува повикот за упис на партиципанти за школаta „Феминистичко образование за сите“. Школата е поддржана од страна на фондацијата Kvinna till Kvinna.

Живееме во ера кога родовата еднаквост, идејата за културната конструираност на родот и gender mainstreaming многу од активистките и жените кои професионално се занимааваат со темата, не ја препознаваат врската меѓу феминизмот и родовата еднаквост. Концептот на „род“ (gender) е производ на третиот бран феминизам, при што Џудит Батлер, автор/ката на Gender Trouble, и денес себеси се опишува како феминистички филозоф/ка. Зошто е тоа така и зошто толку млади денес мислат дека концептот на род е некако одвоен од феминизмот? Кои се корените на тој поим? Но и во кој правец одат трендовите на родовата и феминистичка теорија во првите децении на 21 век? Повеќето од нас, сѐ уште оперираат со дефиницијата на род (наспроти „пол“) креирана во 90-тите и на почетокот на 2000-те. Но денес, се случуваат многу новини кои ја реконструираат и прошируваат оваа концепција и за кои малку знаеме (како ксенофеминизам, феминистички материјализам и слично), и тоа од теорија (академска средина) во пракса (активизам). Ќе понудиме поглед кон корените, историјата на феминизмот и родовите студии, но и вовед во сегашноста која гледа кон иднината, поставува нови хоризонти на разбирањето на концептот на род и критиката на патријархатот.

Особено охрабрени да се пријават се младите и тоа од средини кои не се дел од метрополата, рурални средини, но секако и секој друг кој е заинтересиран/а да го помине овој crash course по родови студии, прилагоден за сечие знаење и пренесен првенствено преку разговор и активности. Понудените теми се:

Хибридните курсеви (во училницата на институтот и преку Zoom) ќе се нудат во овие области: 1) Вовед во основите на феминистичките студии, вклучувајќи кратка историја на идеи и движења (проширен или две сесии), (2) и (3) Главни интелектуални идеи и нивните политички одрази во 21. век: Третиот бран феминизам, ксенофеминизам и нови феминистички материјализми (проширена сесија), 4) Феминизам, технологија и киберфеминизам, 5) Мајчинството и неговата реалност во 21. век,6) Феминистички и родови студии од теорија до практика на политики, 7) Феминизам, род и ментално здравје. Финалната сесија (8) ќе биде посветена на презентации на студентите и завршни заклучоци и организирана како еден вид тркалезна маса.

Работен јазик: македонски (некои од наставните материјали се достапни само на англиски), додека проектните изработки на студент/ките може да се на нивните мајчини јазици иако самото презентирање би се одвивало на македонски.

Пријавете се овде: Апликација и попонете го овој кус и едноставен формулар.

Рок за пријавување до 31 октомври 2025.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Институт за општествени и хуманистички науки – Скопје (ИОХН-С)

Продолжи со читање

  • Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето

    Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда. Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и […]

  • Како да се слушне гласот на граѓаните? РЕСИС организираше работилница и дебата во Велес

    Како граѓанските барања и проблеми да бидат повидливи и слушнати од локалната власт? Токму ова прашање беше во срцето на работилницата и јавната дебата што Институтот РЕСИС ја одржа во Велес со граѓани и со претставници на општините од Вардарскиот Регион.

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    На 19 мај, во Скопје, Фондацијата Метаморфозис во соработка со International IDEA го организираше настанот „Зајакнување на отпорноста кон изборни манипулации со информации“, посветен на справувањето со странското мешање и манипулациите со информации (ФИМИ), дезинформациите и заканите по изборниот интегритет. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Справување со изборно поврзани манипулации со информации и […]

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор