[aggregator] downloaded image for imported item #40140

Eднодневна обука за вработените во социјалните сервисни услуги

Денес Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес организираше еднодневна обука за вработените во социјалните сервисни услуги: „Живеење со поддршка“, „Помош и нега во домот“, „Лична асистенција“ и вработените во администрација.

Обуката се однесуваше на тимската работа, комуникациски вештини и синдром Брнаут, а како обучувачи беа Д-р. Вангелица Гаврилова – лиценциран психотерапевт и Јордан Бајрактаров. На обуката учество земаа 62 вработени лица и истите се стекнаа со сертификати.

Оваа обука е дел од активностите посветени на јакнење на капацитетите на организацијата во рамки на проектот “Заедно сме посилни” финансиски поддржан од The Kvinna Тill Kvinna Foundation и Шведска.

The post Eднодневна обука за вработените во социјалните сервисни услуги appeared first on Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености Велес

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор