[aggregator] downloaded image for imported item #39884

Справувањето со насилството нема свое место во политиките на МОН

Остра реакција на Мрежата за заштита од дискриминација и Платформата за родова еднаквост

Во период кога физичкото насилство во училиштата ги полни медиумите во Македонија и регионот и јавноста се згрозува од деталите на настаните, Министерството за образование и наука наместо да преземе одговорност и преземе соодветни мерки, воспоставува политики коишто го уназадуваат справувањето со насилството и создава средина во која предрасудите и насилството ќе бидат толерирани и несанкционирани.

На 7.7.2025, Министерството за образование и наука усвоило нов Правилник за начинот на пријавување и заштита на ученик-жртва на која било од формите на насилство, злоупотреба и занемарување. Овој Правилник претставува директно уназадување на напорите вложени во 2019 и 2020 година, кога со поддршка на експертската и граѓанската заедница беше изработено упатство усогласено со европските стандарди и меѓународните обврски на државата.

Новиот Правилник ќе биде погубен за напорите за справување со насилството, нема да даде резултати и нема да превенира нови случаи на насилство.  Наместо да овозможи вистинска заштита, тој ги лишува училиштата од можноста да ги препознаат мотивите зад насилството и да преземат ефикасни мерки за превенција, оставајќи го целиот систем слеп пред најчестите форми на дискриминација и насилство.

Прво, Министерството за образование и наука го усвоило Правилникот без консултација со здруженијата што работат на темата насилство во училиштата и помеѓу врсници. Таквото нетранспарентно усвојување на акти продуцира решенија коишто ја занемаруваат експертизата на здруженијата коишто работат на терен. Дополнително, таквото нетранспарентно усвојување е спротивно на Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор на креирање политики, како и со препораките на Комитетот на министри на Советот на Европа.[1] Иако мрежите реагираа уште од моментот на најава за измените на Законот за основно образование, Министерството упорно ги игнорира овие укажувања и продолжува да носи одлуки зад затворени врати.

Второ, Правилникот е сосема спротивен на стандардите за човековите права и слободи. Поставен на овој начин, Правилникот е во директна колизија со Уставот и законите спречување и заштита од дискриминација и за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, како и Истанбулската конвенција, и Конвенцијата за правата на детето. Правилникот, во формата во каква што е, не ги исполнува тие стандард бидејќи во формуларот за пријавување на насилство се исклучени клучни елементи. Во формуларот се тргнати прашањата дали насилството е родово-базирано насилство или пак насилство врз лична карактеристика (сексуална ориентација, род, родов идентитет итн) и, дали насилството е мотивирано од омраза и/или предрасуди. Во својата борба да ги избрише и невидливи ЛГБТИ децата од образовниот систем, Министерството со новиот Правилник всушност го исклучува и препознавањето на сите маргинализирани категории. Со ова, невидливи стануваат и децата од сиромашни и економски помалку моќни семејства, децата кои живеат во еднородителски или неконвенционални семејства, како и децата кои веќе биле жртви на насилство. Наместо систем за заштита кој ја препознава ранливоста и делува превентивно, добиваме систем кој свесно избира да не ги гледа оние деца што најмногу му се потребни. Дополнително, не може ни да се очекува дека родовите стереотипи, како на пример дека девојче не може да биде возач на камион, или пак дека момче не смее да плаче, ќе бидат сузбиени, бидејќи доколку тие стереотипи биле причини да се стори насилство, истите нема да бидат регистрирани при пријава на насилство. Таквото адресирање или „справување“ со насилствата во училиштата, коишто се сè почести и посериозни, е површно и нема да вроди со никакви резултати.

Истовремено, особено сме огорчени и загрижени што ваквиот нов Правилник, коишто не ги вклучува личните карактеристики на децата, доаѓа по бројни студии коишто потврдуваат дека дискриминација и насилство има на сите нивоа во образовниот систем, вклучувајќи го и основното образование. ЛГБТИК+ учениците во Северна Македонија често се изложени на дискриминација, на вербално и физичко насилство во образовните институции. Насилството е честопати систематско, а училиштата ретко нудат соодветен одговор или поддршка, што придонесува кон дополнителна маргинализација и психолошки последици кај овие ученици.

Ваквиот Правилник ги исклучува личните заштитени карактеристики на децата, токму во момент кога статистиката и искуствата покажуваат дека младите лица се најчесто вклучени во пристрасно мотивирани инциденти – и како сторители и како жртви.[2] Иако бројките укажуваат на сериозен проблем, надлежните институции и понатаму не водат соодветна официјална статистика за пристрасно мотивираните инциденти, што е нотирано години наназад од Европската комисија.[3]

Истовремено, не заостануваат ниту случаи на сексуално насилство врз девојчиња, случаи од кои јавноста беше згрозена и дадоа внимание на тоа како образовните установи се справуваат со насилството врз девојчињата. Особено е загрижувачки што овој Правилник доаѓа по напливот на анти-родови и анти-демократски движења во државата, што беше препознаено и во Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија за 2024.[4]

Имајќи го предвид горенаведеното, бараме од Министерството за образование и наука да го ревидира Правилникот, со што родово-базираното насилство, насилството од омраза, родовите стереотипи и дискриминацијата врз маргинализираните заедници ќе бидат препознаени. Исклучиво на тој начин можеме да кажеме дека Министерството е сериозно во своите јавно-искажани намери за сузбивање на насилството и стереотипите во училиштата.


[1] Committee of Ministers, Recommendation of the Committee of Ministers to member states on the Council of Europe Charter on Education for Democratic Citizenship and Human Rights Education, 2010, достапна на: https://search.coe.int/cm#{%22CoEIdentifier%22:[%2209000016805cf01f%22],%22sort%22:[%22CoEValidationDate%20Descending%22]} .

[2] Хелсиншкиот комитет, само во 2023 година, регистрираше 197 случаи во кои беа опфатени 213 жртви и 292 сторители, од кои дури 142 жртви (67%) и 132 сторители (45%) се малолетници. Во 2024 година, беа евидентирани 113 случаи со 103 жртви и 155 сторители, од кои 60 жртви (58%) и 83 сторители (54%) се малолетници. Хелсиншки комитет за човекови права, „Годишен извештај за криминалот од омраза во 2023“ (2024). Достапно на https://zlostorstvaodomraza.com/izvestai/.

[3] Европска комисија, Северна Македонија 2019 Извештај, Брисел, 29 мај 2019, стр. 20, 24, 30, 31., Европска комисија, Северна Македонија 2020 Извештај, Брисел, 6 октомври 2020, стр. 32., Европска комисија, Северна Македонија 2021 Извештај, Брисел, 19 октомври 2021, стр. 32., Европска комисија, Северна Македонија 2023 Извештај, Брисел, 12 октомври 2023, стр. 32 – 35.

[4] European Commission, North Macedonia Progress Report 2024, стр. 37.

The post Справувањето со насилството нема свое место во политиките на МОН appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор