Add a heading fotor.jpg

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НАДВОРЕШЕН ЕКСПЕРТ

Општи информации

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Зајакнување на националните заштитни механизми против говор на омраза во Република Северна Македонија” финансиран од страна на Европската Унија како дел од програмата EuropeAid/174503/DD/ACT/MK, согласно Договорот за грант потпишан меѓу Хелсиншкиот комитет за човекови права и Европската Унија бр. NDIZI-THE-NEAR/2022/441-698, oбјавува повик за ангажирање надворешен експерт кој ќе изработи сеопфатна завршна евалуација, со цел проценка на ефективноста и влијанието на проектот.

Главната цел на проектот е да се зајакнат ефективните механизми за заштита на правата на граѓаните во Република Северна Македонија при практикување на слободата на изразување и борба против говорот на омраза во согласност со меѓународните и европските стандарди. Влијанието на акцијата е специјално дизајнирано да овозможи синергија помеѓу работата на секторот на граѓански организации и релевантните институции како заштитни механизми од говор на омраза, врз основа на собирање податоци и директен ангажман со избраните целни групи. Ова ќе се постигне преку отворен политички дијалог со цел да се обезбеди посветеност на Владата за понатамошно подобрување на целокупната ситуација преку оперативно и институционално зајакнување на капацитетите за справување со говорот на омраза во согласност со најдобрите европски практики.

Позиција

Експерт за изработка на сеопфатна завршна евалуација, со цел проценка на ефективноста и влијанието на проектот

Цел на евалуацијата

Избраниот експерт ќе треба да подготви сеопфатна завршна евалуација која ќе треба да ја процени релевантноста, ефективноста, ефикасноста и одржливоста на активностите и резултатите на проектот, да идентификува добри практики, предизвици и научени лекции и да даде препораки за идни интервенции во областа на говор на омраза и недискриминација.

Избор на експерт

На овој повик имаат право да учествуваат сите физички лица што ги исполнуваат следниве критериуми:

Образование:

· Напредно универзитетско образовние или магистерски/докторски степен во правни науки, политички науки, социјални науки или сродна област;

Професионално искуство:

· Минимум 5 години релевантно работно искуство во евалуација на проекти финансирани од Европската унија;

· Минимум 5 години во подготовка на релевантни документи, анализи, истражувања, политики од областа на говорот на омраза и човековите права на маргинализирани групи;

· Докажано искуство во областа човекови права, недискриминација, говор на омраза или сродни теми;

Предност ќе имаат кандидатите со познавање на националниот правен и институционален контекст и искуство во работа со граѓански организации.

Работни задачи

– Преглед на проектната документација (log frame, извештаи, и сл.),

– Анализа на собраните податоци и оценка на постигнувањето на индикаторите,

– Подготовка на нацрт-извештај, добивање коментари од МХК, и изработка на финален извештај со конкретни препораки, во рокови договорени со координаторот, со висок квалитет и навремено.

– Соработка со координаторот на проект и експертскиот проектен тим;

Спроведување на работните задачи

Времетраењето на ангажманот ќе започне по склучување на договорот со ангажираното лице и ќе трае до завршување на активностите, односно до 30 септември 2025 година.

Хелсиншкиот комитет ќе потпише договор со избраниот експерт каде што ќе бидат дефинирани меѓусебните права и обврски.

Начин на пријавување

За пријавување на овој повик кандидатите треба да достават:

– професионална биографија (CV) со наведени референци од напишани претходни трудови во бараната област; и

– финансиска понуда за спроведување на ангажманот

Документите за пријавување задолжително да се достават на имејл адресата natasha.petkovska@mhc.org.mk најдоцна до 19.09.2025 година (петок) со назнака „Избор на експерт за изработка на евалуација“.

По доставување на пријавите, тимот на Хелсиншкиот комитет ќе ги оценува во неколку чекори: проверка дали се доставени потребните документи; евалуација на персоналните биографии и евалуација на финансиските понуди.

За дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведената имејл адреса.

Скопје 16.09.2025 година.

 

Оваа активност се спроведува со финансиска поддршка на Европската Унија. Содржината на овој документ е единствена одговорност на Хелсиншкиот Комитет за чов

The post ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НАДВОРЕШЕН ЕКСПЕРТ appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права

Продолжи со читање

  • Европски зелен договор и Зелена агенда за Западен Балкан

    Како Европскиот зелен договор влијае врз нашата иднина? Што значи Зелената агенда за Западен Балкан за младите, бизнисите и заедниците? На настанот кој се одржа во соработка со СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци присуствуваа многу млади лица, претставници од општините, училиштата и институциите. Заедно имавме можност да дискутираме и да научиме нешто повеќе за Европскиот зелен договор и Зелената агенда за Западен Балкан. Без суштински реформи, јасна визија и политичка волја, Европскиот зелен договор за нас останува повеќе декларативна цел отколку реално достижен пат. Додека сè уште се бориме со основни системски слабости, зборуваме за Европскиот зелен договор како да сме подготвени за иднината, а не сме ги решиле проблемите на сегашноста. Зелената транзиција бара институции, инвестиции и одговорност – три столба што кај нас сè уште не се доволно цврсти за исполнување на европските стандарди. Зелена иднина започнува денес! Да бидеме дел од решението – не од проблемот. Фотографии:

  • Брифинг за медиуми: Македонија каска во превенцијата на рак на грло на матка

    На 28.04.2026 година ЕСЕ одржа брифинг за медиуми на кој беа презентирани наодите од мониторингот на спроведувањето на Програмата за скрининг на рак на грлото на матката. Анализата покажува дека Македонија е далеку од потребниот опфат на жени со скрининг, неопходен за навремено откривање и превенција на ова заболување. Во…

  • Соопштение за медиуми – Македонија каска во превенцијата на рак на грло на матка

    Македонија заостанува во борбата против рак на грло на матка и е далеку од исполнување на целта за опфат на 70% од жените со скрининг до 2030 година со цел целосно искоренување на смртноста од оваа болест, поставена од Светската здравствена организација. Главна причина за ваквата состојба е што Програмата…

  • Во Штип одржан јавен настан за ко-креирање на новиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028

    Во Штип денеска се одржа јавен настан во рамки на започнатиот процес на ко-креирање на новиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028 (НАП7). Настанот беше организиран од Министерството за јавна администрација во соработка со Фондација Метаморфозис и Центар за граѓански комуникации, со цел да се обезбеди активно вклучување на сите засегнати страни […]

  • Велешките извидници ги поправија сончевите колектори во ИЦО Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Владимир Ивановски и Трајче Перков во периодот од 25 до 26 април 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работеа волонтерски на поправка и санирање на соларните колектори кои се поставени на повеќе позиции во извидничкиот центар Охрид. Со превземените волонтерски…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор