[aggregator] downloaded image for imported item #39859

Дизајнерско Размислување – Моќна алатка за младинска вклученост и локален развој

D.3.1 – Ризница на алатки и видеа, ресурс кој покажува како дизајнерското размислување може значително да ја зајакне младинската вклученост и да придонесе за одржлив локален развој е веќе достапен..

Документот е резултат на паневропска партиципативна анализа, реализирана во соработка со партнери од повеќе земји. Во него се истражуваат пет клучни пристапи:

  • Дизајн Тинкинг за одржливост
  • Инклузивен Дизајн Тинкинг
  • Естетски ориентиран Дизајн Тинкинг
  • Ко-креација и соработка
  • Решавање проблеми и иновација

Што вклучува?

Содржи 20 инспиративни практики од цела Европа, од кои дел беа презентирани на Паневропската конференција за дигитално образование. Дополнително, вклучени се и 121 идеја од интерактивната дискусија „Како да го поедноставиме дизајнерското размислување“, кои ќе послужат како основа за новиот DIY прирачник.

Секоја практика е претставена со реални примери, детални чекор-по-чекор насоки и препораки за адаптација во локален контекст – од оживување на јавни простори преку младински урбани игри, до создавање кружна економија преку повторна употреба на материјали.

Зошто е значајно?

Истражувањето покажа дека кога младите се вклучени од самиот почеток, се создаваат решенија кои се истовремено иновативни, изведливи и усогласени со вистинските потреби на заедницата. Од урбани градини во Кавадарци до инклузивни културни простори во Амстердам – примерите ја докажуваат силата на овој пристап.

Следниот чекор е Дизајн Тинкинг да стане пристап достапен за секоја младинска група и општина. Со развојот на DIY прирачникот ќе се обезбедат конкретни алатки кои ќе можат да ги користат наставници, младински работници, локални активисти и организации – за поинклузивни, поодржливи и поуспешни заедници.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор