Општински литературен награден конкурс
Предмет: Доставување на Општински литературен награден конкурс
По повод: Текстилијада 9, 2025
Гласен Текстилец во соработка со НУ-У Библиотека „Гоце Делчев” – Штип распишуваат:
ЛИТЕРАТУРЕН НАГРАДЕН КОНКУРС
ЗА ПЕСНА И КРАТОК РАСКАЗ НА ТЕМА:
„Мојот свет без корупција“!
Право на учество на Конкурсот, со свои творби, имаат ученици од основните и средните училишта во Штип.
Литературните творби се доставуваат на следната електронска адреса: konkurs2025@glasentekstilec.mk со назнака: За награден конкурс.
Заедно со творбата, се доставуваат: име и презиме (на авторот), со неговата адреса, училиште и телефонски број;
За сите учесници темата е: „Мојот свет без корупцијa“!
Се предвидува да бидат доделени по 3 (три) награди, во две конкуренции:
- за ученици од 6-9 одделение (I, II, III награда);
- за средношколци (I, II, III награда).
Конкурсот трае од 01.09.2025 до 29.09.2025 година.
Резултатите ќе бидат објавени и наградите доделени во просториите на НУ-У Библиотека „Гоце Делчев” на ден 03.10.2025 (петок) во 16:30 часот.
Во Штип, 02.09.2025 год. од Конкурсната комисија.
