HERA 24.2.2017

Куманово, Штип и Струмица со локални координативни тела против дискриминацијата

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА заедно со Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници, а со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија, ја започна кампањата за заштита од дискриминација врз сите основи, вклучувајќи ја и сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Главната порака на кампањата е „Ако е вообичаено, не значи дека е праведно. Три пати мери, еднаш сечи, но никогаш не дискриминирај!“

Потребата од континуирано потсетување на јавноста за препознавање и пријавување на случаите на дискриминација, особено на локално ниво, се заснова на фактот што бројот на претставките е во постојано опаѓање. Кампањата ќе се емитува на национално ниво, но е фокусирана на локалните самоуправи со кои ХЕРА соработуваше изминатата година. Таа ќе се емитува на 5 локални и 3 национални телевизии, и на македонски и на албански јазик. Дополнително, кампањата ќе биде промовирана преку трибини во 5 градови.

HERA 24.2.2017

Во проектот за унапредување на механизмите за заштита од дискриминација на локално ниво се вклучија Народниот правобранител на Република Македонија, Министерството за правда и Комисијата за заштита од дискриминација, како и општините Куманово, Штип и Струмица. Притоа се спроведе истражување за потребите на локалните механизми за заштита од дискриминација, по што следеа обуки и прилагодување на позитивните пракси од Холандија.

Од овој процес произлезе идејата во кампањата да се стави главен акцент на дискриминацијата и вознемирувањето од омраза засновани на род, социјален статус, како и сексуална ориентација и родов идентитет. Главен резултат на проектот е основањето на Координативни тела за заштита
од дискриминација од страна на Советите на општините Штип, Куманово и Струмица кои ќе работат според Протокол за унапредување на соработката на локалните механизми за заштита од дискриминација. Мултисекторските тела се составени од Координаторот за еднакви можности од секоја од општините, Комисијата за еднакви можности на мажите и жените, Подрачните канцеларии на Народниот правобранител, Подрачните единици за бесплатна правна помош на Министерството за правда и здруженијата на граѓани. Тие ќе имаат цел заеднички да работат на зголемување на информираноста на граѓаните како да препознаат и каде да пријават дискриминација.

Ја користиме оваа прилика да ги поканиме и останатите општини да се приклучат кон зајакнување на одговорот кон дискриминацијата и да ги преземат добрите пракси на Куманово, Штип и Струмица. Што се однесува до заштитата од дискриминација на ЛГБТИ заедницата, значајно е да се спомене дека во текот на оваа година, Министерството за труд и социјална политика спроведе консултативен процес за изменување на Законот за спречување и заштита од дискриминација. Се надеваме дека во текот на 2017 година ќе се усвојат измени кои ќе вклучуваат сексуална ориентација и родов идентитет како основи за дискриминација, што воедно ќе ги охрабри ЛГБТИ луѓето да пријавуваат дискриминација. Комисијата за заштита од дискриминација во текот на 2016 година одлучуваше во неколку случаи на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет. Во повеќето случаи Комисијата повторно не успеа да ја препознае дискриминацијата и соодветно да ги примени одредбите на Законот за спречување и заштита од дискриминација. Исклучок од ваквата пракса и позитивен пример беше еден случај каде Комисијата за заштита од дискриминација утврди дискриминација врз основа на родов идентитет и определи надомест на штета.

Видео спотот дел од кампањата може да го погледнете на следниот линк:

Во албанска јазична верзија видеото е достапно на овој линк:

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор