Logo

JАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО МЕНТОРСКАТА ПРОГРАМА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ GROWTH

JАВЕН ПОВИК
ЗА УЧЕСТВО ВО МЕНТОРСКАТА ПРОГРАМА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ
GROWTH – Генерирање вистински можности преку работа, талент и ангажман

Центарот за одржлив развој на заедницата – Дебар објавува јавен повик за млади и невработени лица со живеалиште на територија на општина Дебар за учество во Менторската програма во рамките на проектот GROWTH, кој се спроведува во соработка со партнерите: Општина Књажевац (Србија), Општина Никшиќ (Црна Гора), TREDEA – Агенција за развој на Требиње (Босна и Херцеговина), со поддршка од Фондот за Западен Балкан (WBF).

ЦЕЛ НА ПРОГРАМАТА:

Развој на претприемачки и креативни вештини преку практична работа, менторство и креирање на одржливи производи во рамките на креативните индустрии. Програмата е особено насочена кон невработени млади лица, на кои ќе им се обезбеди стручна поддршка и мотивација за развој на сопствени идеи и бизнис модели.

ПРОГРАМАТА ВКЛУЧУВА:

  • Работа со ментори од областа на претприемништво, креативни индустрии и брендирање;

  • Обука преку четири практични модули;

  • Развој и презентација на прототип на производ;

  • Можност за вмрежување со учесници од регионот;

  • Изработка на бизнис планови;

  • Учество на завршна конференција во Никшиќ.

ТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА:

Петдневната менторска програма ќе се реализира во јули и август во Дебар.

УСЛОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:

  • Статус на невработено лице;

  • Живеалиште на територија на општина Дебар;

  • Предност имаат припадници на маргинализирани групи (млади, жени, припадници на малцинства, лица со попреченост итн.).

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА:

  • Копија од лична карта или пасош;

  • Доказ за невработеност;

  • Уверение за живеалиште;

  • Биографија (CV);

  • Мотивациско писмо (максимум 1 страница) во кое кандидатот ја објаснува својата заинтересираност за програмата, идејата или областа на интерес, и што очекува да постигне преку учество во програмата.

НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ:

Документацијата треба да се испрати на е-адресата: contact@cscd.org.mk со назнака “Апликација за Менторската програма – GROWTH” или да се достави во канцеларијата на здружението во плико со назнака: “за апликација за Менторската програма – GROWTH”.

РОК ЗА ПРИЈАВА:

Апликациите може да се поднесат најдоцна до 10.07.2025 година, до 13:00 часот.

За сите дополнителни информации, контактирајте не преку е-пошта: contact@cscd.org.mk.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Центар за одржлив развој на Заедницата Дебар

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор