2
|

Успешно одржана Регионалната конференција за финансиска писменост на младите во Радовиш

На 17 јуни 2025 година, во просториите на Креативниот Центар на заедницата НЕКСУС во Радовиш, се одржа Регионалната конференција „Финансиска писменост за млади“ – настан кој отвори важни прашања и актуелизираше теми поврзани со финансиската едукација на младите, нивната економска самостојност и улогата на сите чинители во заедницата во подигнување на финансиската култура.

Конференцијата обедини над 30 учесници од Југоисточниот регион – млади луѓе, наставници, претставници од локалните самоуправи, бизнис-секторот и граѓански организации – кои заеднички дискутираа за реалните предизвици со кои младите се соочуваат во доменот на финансиското знаење и управување со лични средства.

Во текот на четиричасовната програма, беа разработени четири клучни теми:

  • Финансиска едукација и формалното образование – Учесниците отворија дебата зошто финансиската писменост сè уште не е дел од наставните програми, како младите стекнуваат (или не стекнуваат) знаења за пари и што може да се преземе за да се подобри оваа состојба преку неформално и партиципативно учење.
  • Потрошувачка култура и “брзите пари” – Преку реални примери, беше нагласено влијанието на социјалните мрежи врз младите, прекумерното трошење и лесната достапност до микро-кредити и онлајн купување. Се дискутираше за потребата од критичко размислување и развој на свесни навики кај младите.
  • Психологија на парите – Сесијата ги анализираше емоционалните аспекти на трошењето, врската помеѓу личните вредности и финансиските избори, како и важноста на самодисциплината и поставување приоритети.
  • Буџетирање на различни нивоа – Од личен до општински буџет: се разговараше за улогата на планирањето кај младите, но и кај институциите, бизнисите и граѓанските организации, при што беше нагласено значењето на транспарентноста, одговорноста и заедничкото вклучување во процесите на креирање и следење на буџети.

Особено интересна беше и сесијата „Млади прашуваат – експерти одговараат“, каде младите поставуваа конкретни прашања до финансиски советници и претставници на институции – од теми како штедење, поставување буџет, до избор на апликации за следење трошоци и справување со долгорочни финансиски цели.

Покрај едукативниот карактер, конференцијата служеше и како платформа за вмрежување, размена на идеи и поттикнување нови иницијативи во локалните заедници. Учесниците ја изразија потребата овие теми да добијат континуитет и да се доближат уште повеќе до младите – преку работилници, обуки, дигитални ресурси и соработка со образовни институции.

Конференцијата беше организирана како дел од проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“, кој има за цел да го подобри нивото на финансиска писменост, да овозможи практични алатки и пристап до ресурси за младите од Југоисточниот регион. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас, а го спроведуваат здруженијата КРУНА ПЛУС од Радовиш, Промо Идеа и Новус од Струмица.

Продолжи со читање

  • Соработката меѓу граѓанските организации и бизнис секторот носи многу заемни придобивки

    „Причината поради која сите сакаме да соработуваме е затоа што сите сакаме да имаме корист. Без разлика дали доаѓате од бизнис секторот или од граѓанскиот, треба да почнете да развивате покомплексно разбирање за заемните придобивки“, им рече Сајмон Форестер, меѓународниот експерт на Цивика мобилитас, на учесниците на  работилницата „Зајакнување на…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #5

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #5 [13 – 17 октомври 2025] Во последната недела пред изборниот молк имаше засилена активност и обновена мобилизација во медиумските објави со повеќе од 3.000 медиумски текстови и 240 објави на социјалните мрежи, и со јасен раст на ангажманот кон крајот на неделата. Кампањата влезе во завршна фаза…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави

    Месечен преглед на медиумските објави [15 септември – 14 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Изборите за локалната власт беа една од најдоминантните теми во медиумскиот простор со над 11.000 медиумски написи и над 1.100 објави на социјалните мрежи. Анализата открива јасна слика: изборната кампања се води…

  • Отворена канцеларија: Пријави повреда на избирачко право!

    Хелсиншкиот комитет за човекови права ги известува граѓаните дека во недела, 19 октомври 2025 година, канцеларијата на Комитетот ќе биде отворена во текот на целиот ден со цел да им овозможи на граѓаните да пријават  повреда на избирачкото право за време на првиот круг на Локалните избори. Комитетот ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека […]
    Read More… from Отворена канцеларија: Пријави повреда на избирачко право!
    The post Отворена канцеларија: Пријави повреда на избирачко право! appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Новиот амбасадор на Швајцарија ја потврди посветеноста кон граѓанското општество

    Тимот на Цивика мобилитас на 16 октомври ја оствари првата средба со новoназначениот Амбасадор на Швајцарија во Северна Македонија, Н.Е. Кристоф Зомер (Christoph Sommer). „Сметам дека граѓанското општество е многу значајна област на која треба да се фокусираме“, нагласи Амбасадорот, потврдувајќи дека поддршката на граѓанските организации е еден од приоритетите…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор