Add a heading fotor.jpg

Повик за ангажирање оператори/ки на линија за помош

Хелсиншкиот комитет за човекови права, за потребите на проектот Safe Spaces for all: Bridging Gaps in LGBTIQ+ inclusion, има потреба од ангажирање на двајца оператори на линија за помош.

Предвидени задачи (опис на позицијата) 

  • Одржување смени на телефонската линија;
  • Комуникација со тимот;
  • Извештаи за примени повици.

Квалификации: 

Образование и работно искуство 

  • Завршени додипломски студии;
  • Најмалку 2 години релевантно работно искуство во ваква или слична активност;

Технички вештини 

  • Напредно познавање на MS Office: Word, Excel, PowerPoint (задолжително), искуство со користење на Teams и One Drive за работни комуникации и соработка (пожелно)

Знаење и други вештини 

  • Одлични комуникациски вештини;
  • Поседување на емпатија;
  • Вештини за советување и кризна интервенција.

Систем на вредности:

Во нашата организација, ги негуваме и почитуваме основните човекови вредности за кои се залагаме во нашето работење и веруваме во следните основни вредности кои нè водат во секојдневната работа и односите со нашите колеги и сите засегнати страни:

  1. Искреност – Отвореност и транспарентност во комуникацијата, градење на доверба помеѓу сите членови на тимот.
  2. Иновација – Постојан стремеж кон создавање нови решенија и подобрување на нашите активности и услуги со користење на современи технологии и методи.
  3. Тимска работа – Соработка и поддршка на колегите, воедно почитување на разликите и различните перспективи на секој поединец.
  4. Образование и развој – Инвестирање во личниот и организацискиот развој преку континуирано учење и професионално усовршување.
  5. Одговорност – Преземање лична одговорност за сопствените дела и одлуки, посветеност на постигнување на заедничките цели на организацијата.
  6. Еднаквост и инклузија – Поттикнување вклучување и еднакви можности за сите, независно од полот, родот, етникумот, религиозната определба, сексуалната ориентација или други основи за различност.
  7. Солидарност – Поддршка на нашите колеги и заедницата во време на потреба, работа на создавање инклузивна средина која охрабрува различни гласови и перспективи.
  8. Почит – Уважување на секого како поединец, со сите негови вредности и уверувања.

Како да се пријавите 

За да се пријавите, Ве молиме да доставите:

  • CV (на англиски јазик)
  • Мотивациско писмо (на македонски јазик) за Вашиот интерес и квалификации за позицијата, во кое би сакале да прочитаме за тоа како Вашето досегашно работно искуство и образование е релевантно за потребните знаења, вештини и работните задачи предвидени за оваа позиција (не повеќе од 250 зборови)

Вака подготвената пријава треба да ја пратите по електронска пошта на helkom@mhc.org.mk со наслов ОПЕРАТОР НА ЛИНИЈА ЗА ПОМОШ Рокот за пријавување е заклучно со 20 јуни, 2025 година. Само кандидат/к/ите кои ќе ја поминат првата фаза на разгледување на пријавите ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор