Att.95ahwtmvcama6bsv28ssoowuidp23k8y9vceppf8twi 1440x1920

Метаморф и зелените херои: Стрип што инспирира акција!

Во свет во кој младите се бомбардирани со информации и дигитален шум, ние во Еко Логик одлучивме да направиме нешто поинакво – нешто што ќе ги привлече, едуцира и инспирира. Резултатот? 📖 Едукативна стрип-серија што ги буди младите херои во секој ученик!

Во рамки на GREEEN – Games, Resources, Environment, Entrepreneurship and Education, заедно со партнери од Романија , Италија , Кипар и СОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес , го создадовме “The Green Superhero”, стрип кој ги носи читателите на незаборавна авантура низ Европа.

🦸 Метаморф: Херојот што се менува за да спаси планетата

Запознајте го Метаморф – супер херојот кој може да се претвори во сè што е потребно за да се справи со предизвиците на животната средина. Во секоја земја низ која патува, Метаморф се соочува со различни закани: загаден воздух, пожари, вода загадена од човечки немар, и многу повеќе. Но, тој никогаш не е сам – младите зелени херои од секоја земја му помагаат со идеи, храброст и акција. 💪🌍

💬 Пораката е јасна: Промената почнува од тебе!

Овој стрип не е само за читање – тој е повик на акција.
🔊 “Можеш и ти да бидеш зелен херој!” – е мотото што се провлекува низ секоја страница. Децата учат дека:

🌬 Воздухот ќе биде почист ако се користи велосипед или јавен превоз
🔥 Пожарите не се случуваат сами – тие најчесто почнуваат поради наша немарност
🌊 Загадувањето на водата има последици – но може да се спречи со правилно однесување
🌳 Секој засаден дрвце значи чекор поблиску до поздрав свет

Создаден со млади – за млади

Посебна благодарност до учениците кои помогнаа во развојот на стрипот, заедно со нивните наставници. Токму нивната енергија и креативност направија овој стрип да биде жив, инспиративен и полн со надеж.

📢 Од училница до улица: Ајде да бидеме дел од решението!

Преку овој стрип, GREEEN проектот го спојува образованието со креативноста и ги охрабрува младите не само да учат за животната средина – туку да ја заштитуваат.

Ако си родител, наставник, млад човек или едноставно љубопитен читател – преземи го стрипот, сподели го со пријателите, и запомни:
И ти можеш да бидеш Метаморф.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор