Настан: Едукацијата менува, казната крши
Дојдете и бидете дел од глобалната кампања „Support. Don’t Punish.“ (Поддржи. Не казнувај.) на настанот што ќе се одржи на 20 јуни, со почеток во 20:00 часот, во 1020 Kitchen & Bar во Лептокарија.
Долгогодишната репресија и казнувањето на луѓето за лична употреба на дроги се покажаа како крајно неефикасни и штетни. Овие застарени пристапи ги туркаат луѓето на маргините на општеството, наместо да им понудат поддршка. Време е да ги промениме овие политики и да се фокусираме на поддршка, здравје и човекови права.
Додека разменуваме мислења за оваа важна тема, ќе уживаме во одличен DJ сет од DJ BB14 x BV14. Истовремено, ќе имаме можност да проследиме и live art перформанс на mr. Poked, кој визуелно ќе ја пренесе пораката „Едукацијата менува, казната крши“.
Не пропуштајте ја можноста да се забавувате, да размените мислења и да придонесете за позитивни промени во нашето општество. Ве очекуваме!
This post was originally published on this site