КАРАВАН ЗА ЕДНАКАВОСТ
Во рамки на проектот „Нејзин глас – нејзина моќ: Зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“, во месеците април и мај успешно беше реализиран дел од караванот за еднаквост.
Со караванот проектот ефективно ги ангажира членовите на заедницата за подигнување на свеста за клучните прашања за родова еднаквост и промовира значаен дијалог и акција за родова еднаквост и благосостојба на заедницата. Караванот беше поставуван во центарот на 5 општини (Прилеп, Долнени, Могила, Новаци и Кривогаштани) во овој период.
Во центрите на општините беа поставувани штандови за промоција на проектот, со банери и промотивни материјали. Истовремено, се емитуваа аудио текстови за проектот и активностите поврзани со него. Со локалното население се среќаваа претставници на проектот, како проектни координатори, волонтери, правник и психолог, кои им даваа бесплатни услуги на граѓаните. На овие настани се договараа и понатамошни средби и обезбедување помош во иднина.
На настаните беа поделени промотивни флаери на македонски, ромски, албански и турски јазик. Поставени беа пораки за родова еднаквост, а беа споделени и приказни од учесниците.
За време на караванот, покрај средбите во центарот и пренесувањето на искуствата, тимот на проектот реализираше прошетки низ населените места, делејќи промотивни материјали во институции како општини, училишта, продавници, амбуланти и аптеки — места каде што локалното население има поголема фреквенција.
„Нејзин глас – нејзина моќ: Зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“ е проект на Центарот за граѓанска иницијатива – Прилеп што се спроведува во партнерство со Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ од Прилеп и Мултиетнчничко здружение за сите воздрасти од с. Црнилиште, Долнени. Проектот е подржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Центар за граѓанска иницијатива




![[Aggregator] Downloaded image for imported item #43965](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/website-featured-image-7-768x432.jpg)

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #43810](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/363-e1770627082579-768x343.jpg)

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #43801](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/istrazuvanje-vo-fokus-768x512.jpg)