Megjashi

„Меѓаши“ го презентираа Извештајот за СОС телефонот за деца и млади

На СОС телефонот во текот на целата 2016 година се регистрирани 82 контакти за вкупно 111 деца жртви или потенцијални жртви каде постои сомневање за можно кршење на детските права и за кои е потребна одредена помош. Овие податоци беа презентирани денес на прес конференцијата на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ што се одржа во ЕУ Инфо центарот во Скопје. Податоците се дел од извештајот на СОС телефонот за деца и млади кој содржи и статистички податоци, заклучоци и препораки за подобрување на состојбата со правата на децата во Република Македонија како и согледувања од работата на СОС телефонот за деца и млади.

Megjashi 0122017

Според Драги Змијанац, директорот на „Меѓаши“, прекршување на правата на децата при бракоразводни постапки, семејното насилство и питачењето, односно искористувањето на детскиот труд се најчести форми на прекршување на детските права пријавени на СОС телефонот за деца и млади минатата година. „Најкарактеристични се податоците за 33 деца кои биле потенцијални жртви на прекршување на правото при бракоразводна постапка. Имаме 21 пријава за деца кои се пожалиле дека се потенцијални жртви на семејно насилство. Во дадениот период имаме 11 дојави за деца кои питачаи и се жртви на експлоатација на нивниот труд“, рече Змијанац.

Megjashi 0122017 2

Координаторот на СОС детскиот телефон Ангела Маневска рече дека од вкупно 82 јавувачи, само 5 се деца, а останатите 77 се возрасни лица од кои 3 анонимни и 4 правни лица. „Според возраста на децата чии права се прекршени 46 се на возраст од 6 до 16 години. Од 0 до 5 години има 16 деца, од 14 до 18 има 12, а за 37 деца возраста е непозната. Според етничката припадност од македонска се 54, албанска 3, ромска 7 и непозната за 47 деца. Според нивниот пол машки се 42, женски 37, а непознато е за 32 деца жртви“, рече Маневска. Таа истакна и дека има информации за 6 деца за кои постои сомнеж за сексуална злоупотреба од страна на близок или познаник на детето, а загрижувачки е тоа што оваа година според податоците на „Меѓаши“ постои и сомнеж за сексуална злоупотреба од страна на малолетни деца.

Змијанац повика за помош од операторите за хармонизација на СОС телефонот за деца и млади 0800 1 22 22 со европскиот шестцифрен број за помош и поддршка на деца и млади 116 111 и бројот 116 000. Во текот на 2016 година сервисот за директна помош и материјална поддршка го искористиле 138 граѓани што живеат на работ на сиромаштија и се имаат 475 пати обратено и добиени помош од Детската амбасада Меѓаши.

СОС телефонот за деца и млади функционира 23 години и досега на него се регистрирани вкупно 20.537 повици.

Продолжи со читање

  • Јавен повик за ангажирање на двајца експерти/ки за изработка на прирачник базиран на човекови права за персонал кој работи со деца и ранливи лица во ризик (воспитно – поправниот дом – Тетово, ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено однесување)

    Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции“, финансиран од Европската Унија како дел од програмата EuropeAid/180645/DD/ACT/MK, согласно Договорот за грант потпишан меѓу Хелсиншкиот комитет за човекови права и Европската Унија бр. NDICI-THE-NEAR/2024/461-198, објавува јавен повик за ангажман […]
    Read More… from Јавен повик за ангажирање на двајца експерти/ки за изработка на прирачник базиран на човекови права за персонал кој работи со деца и ранливи лица во ризик (воспитно – поправниот дом – Тетово, ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено однесување)
    The post Јавен повик за ангажирање на двајца експерти/ки за изработка на прирачник базиран на човекови права за персонал кој работи со деца и ранливи лица во ризик (воспитно – поправниот дом – Тетово, ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено однесување) appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Перцепцијата за корупција останува висока: судиите и обвинителството на врвот

    Во 2025 година судиите остануваат највисоко рангирани како корумпирана професионална група, односно 79% од граѓаните сметаат дека речиси сите или повеќето судии се вклучени во корупција. По нив следуваат јавните обвинители (74,6%), полициските службеници (69,8%), лидерите на политички партии (66,3%) и пратениците (64,9%). Најниска перцепција за корупција и понатаму има кај наставниците (24,6%) и банкарите (28,1%), како и кај универзитетските професори и граѓанските организации, кои остануваат под прагот на мнозинска недоверба.

  • Промотивно видео за селекција, реупотреба на био отпад и придобивките од циркуларната економија

    Погледнете го промотивното видео за селекција на органскиот отпад и придобивките од селектирњето и важноста на циркуларната економија снимено и креирано со цел да се поттикне граѓанскиот ангажман, за остварување на придобивки од итна реакција за сортирање и селективно собирање на органски отпад како секундарна суровина, во функција на здрава животна средина и ублажени климатски промени. Во него учествуваа експерти од областа на управување и преработка на био отпадот, експерти од областа на заштита на животна средина, наставници и ученици од основните училишта во кои одржавме работилници. Ова видео е дел од промотивнтаа дигитална кампања со едукативно-информативни содржини за придобивките и начините за искористувањето на потенцијалот на органскиот отпад.
    Ова видео е снимено во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад” спроведен од Resource Environmental Center – REC North Macedonia, Еко Логик и Center for Environmental Democracy – Florozon .
    Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
     
    #CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)
     

  • Работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпад за ученици од ООУ “Братсво”

    На 10.02.2026 одржавме „Работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпад за ученици“ во ООУ “Братство” во рамките на настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата. До сега  направивме работилници во 19 училишта во три општини.

    Дали знаете како се добива биодизел ги прашавме учениците и зошто тој се користи?

       Што значи циркуларна економија за органскиот отпад и како секој од нас може да придонесе  за неа, ги прашавме учениците по што следеше дискусија.
    Особено важно беше што имаше ученици волонтери кои веќе ја посетиле Биотехнолошката лабораторија и им покажуваа на учениците дел од експериметите заедно со Експертите.
    Со ова училиште караванот на настани на отворено  за демонстрирање на експерименти во училиштата спроведен од Resource Environmental Center – REC North Macedonia, Еко Логик и Center for Environmental Democracy – Florozon заврши во општина Карпош, уште едно училиште во општина Кисела Вода и завршуваме успешно со реализација на 20 каравани на настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата споведени во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад”.
    Со караванот успешно обучивме околу 600 ученици и околу 30 наставници од основните училишта од општина Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров.
     
    Уште еднаш голема благодарност на сите Директори, наставници и ученици, експертите и општините кои до сега беа дел од нашите проектни активности. Меѓутоа, тука не запираме ни следат уште интересни екссперимети… следете не!
    Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    #CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)

  • Видео кампања: Граѓански активизам за циркуларна економија во управувањето со органски отпад

    Дали знаете дека биоотпадот сочинува дури 40–60%, а на некои места и до 70% од комуналниот отпад што го создаваат домаќинствата? Кога овој отпад се меша со останатите фракции и завршува на депонии, се создава метан – експлозивен гас што придонесува за климатските промени и предизвикува пожари. Токму затоа, решението не е само во законите […]

  • КОМПОСТИРАЊЕ ВО РОВОВИ – ПРАКТИЧНА ТЕХНИКА ЗА СПРАВУВАЊЕ ВО БИО-ОТПАДОТ ОД ДОМАЌИНСТАВАТА ВО ПЕРИ-УРБАНИ И РУРАЛНИ СРЕДИНИ

    Што е тоа компост?
    Компостот е природен органски материјал добиен со контролирано разградување на био-отпад – процес во кој микроорганизми (бактерии и габи), со присуство на кислород, влага и соодветна температура, ги претвораат органските остатоци во стабилна „почвена хумусна“ маса. Резултатот е темен, ронлив материјал со земјен мирис, кој ја подобрува структурата на почвата, ја зголемува нејзината плодност и водозадржувачка способност, и придонесува за намалена потреба од вештачки ѓубрива.
    Фото: Компостирање во ров; Извор: https://www.freepik.com/
    Од што се добива компост?
    Компостот најчесто се добива од мешавина на „зелени“ и „кафеави“ материјали. „Зелени“ се свежи, влажни и богати со азот, како на пример остатоци од овошје и зеленчук, талог од кафе, чај, свежо косена трева, зелени листови. „Кафеави“ се суви и богати со јаглерод т.е. суви листови, слама, ситни гранчиња, струготини од необработено дрво, картон/хартија без печатени бои и пластика. Со цел постигнување максимален ефект во најкус временски период, препорачливо е  „зелените“ и „кафеавите“ материјали меѓусебно да се комбинираат во приближно балансиран однос (повеќе „кафеави“ за да нема непријатни мириси и премногу влажност). Процесот на компостирање ќе биде целисходен само доколку се исполнети следниве три услови: оптимален процент на влага на ровот (како исцедена сунѓер), периодично проветрување (кислород) и  доволно време. Во компостот не се ставаат месо, риба, млечни производи, масна храна, измет од миленици, пластика и материјали со хемиски премази бидејќи истите значително ќе влијаат врз квалитетот на органската маса.
    Компостирањето во ровови (понекогаш наречено „закопување на био-отпад“ или trench composting) е едноставна, нискобуџетна и многу распространета техника, особено во дворови, градини, овоштарници и мали земјоделски парцели. Самата техника подразбира дека наместо во компостер, био-материјалот се поставува во ископан ров и се покрива со земја, каде што постепено се разградува и ја збогатува почвата директно „на лице место“.
    Методот на компостирање во ровови се применува многу едноставно и е особено практичен за дворови, градини и помали парцели. Процесот започнува со избор  соодветна локација во градината или дворот, по можност на место каде што се планира садење во следната сезона – на пример во меѓуредите, по периферијата на леите или во близина на овошни дрвја. Потоа се ископува ров со вообичаена длабочина од 20 до 40 сантиметри и ширина од 20 до 30 сантиметри, при што димензиите може да се приспособат во зависност од типот на почвата и количината на органски материјал што се располага. Во ровот се додава био-материјал во слоеви, најчесто комбинација од кујнски растителен отпад и „суви“ материјали како суви листови, слама или картон, со што се обезбедува подобар баланс на материјалите и се намалува ризикот од непријатни мириси. Доколку внесениот материјал е премногу сув, може лесно да се навлажни за да се поттикне процесот на разградување. По полнењето, ровот целосно се покрива со земја – препорачливо со слој од најмалку 10 до 15 сантиметри – и земјата се набива умерено, со цел да се спречи излегување мириси и да се ограничи пристапот на животни. На крај, локацијата се означува за да се знае каде е поставен ровот. Разградувањето најчесто трае од неколку недели до неколку месеци, при што процесот е побрз во потоплите сезони; по завршување, почвата на тоа место станува потемна, поронлива и видливо побогата.

    Фото: Комост ; Извор:https://www.freepik.com/
     
    Оваа техника е толку популарна затоа што овозможува минимален мирис и помала појава на инсекти, бидејќи органскиот отпад е покриен со земја и не е изложен на воздух како кај купчините. Дополнително, не е потребно редовно превртување и одржување како кај класичната компостна купчина, а придобивките се директни – органската материја и хранливите елементи остануваат во зоната на коренот и веднаш придонесуваат за подобрување на почвата. Методот е особено погоден за домаќинства со двор или градина, каде што количините на био-отпад се умерени и има доволно простор за примена, при што трошоците се минимални, а не е потребна никаква специјална опрема.
    За најдобар ефект, рововите треба да се планираат на безбедно растојание од бунари и водотеци и да се избегнуваат места каде што се задржува вода, бидејќи прекумерната влага може да го забави процесот и да создаде непожелни услови. Во зимски период разградувањето природно е побавно, па затоа овој метод често се користи како „инвестиција“ за пролетната сезона, кога почвата ќе биде подготвена и збогатена. Доколку се располага со поголеми количини органски отпад, практично решение е да се применува ротација – на пример, да се користи еден ров во еден период, а потоа следен ров на друга локација – со што се избегнува преоптоварување на едно место. Клучна препорака за добар баланс и побрза разградаба е секогаш покрај влажниот кујнски отпад да се додава и сув материјал како лист, слама или картон, што ја стабилизира мешавината и ја подобрува ефикасноста на компостирањето.
    Оваа статија е подготвена во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија,  Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    Содржината на оваа статија е единствена одговорност на Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор