Img 20250410 115415 1920x1440

Работилница за промоција на H4U прирачникот – Активна едукација за сите генерации

Еко Логик, во соработка со Национален Парк Галичица, организираше едукативна работилница за промоција на прирачникот H4U. Настанот беше отворен за сите и привлече учесници на возраст од 4 до 90 години, кои заедно учествуваа во низа едукативни и забавни игри.

Целта на оваа работилница беше на пристапен начин, преку интерактивни активности, да се доближат темите за заштита на животната средина до сите возрасти. Работилницата беше базирана на принципите на неформално образование и меѓугенерациско учење, каде знаењето се гради преку заедничко искуство и соработка.

Енерџајзер: „Кој сум јас?“
Настанот започна со динамична загревање игра, во која секој учесник доби стикер со име на животно или растение. Со поставување на прашања на кои може да се одговори само со „да“ или „не“, учесниците имаа задача да откријат кој лик го претставуваат. Оваа активност го олесни запознавањето и создаде позитивна и пријателска атмосфера.

Игра 1: „Патека од шепоти“
Во оваа игра, учесниците се движеа низ мистериозна патека, собирајќи фрагменти од приказни и решавајќи загатки. Тимовите заработуваа поени за успешно раскажување на приказни, креативно размислување и точно решавање на предизвиците. Играта ја стимулираше имагинацијата и ја поттикна тимската соработка, додека учесниците истражуваа и учеа за природните живеалишта на интерактивен начин.

Игра 2: „Природно бинго“
Учесниците добија табли со различни природни елементи кои требаше да ги пронајдат во околината – листови, инсекти, облаци, камчиња и други природни богатства. Играта го поттикна вниманието кон деталите и разви еколошка свест преку активно набљудување на просторот што нè опкружува.

Размена на искуства меѓу генерации
Посебна вредност на настанот беше можноста за поврзување меѓу различни генерации. Природата стана заедничка тема за разговор, игра и учење, а секој учесник даде свој придонес со знаење, љубопитност или животно искуство. Овој пристап покажа дека еколошката едукација е успешна и значајна кога е вклучувачка и инспиративна.

Голема благодарност до Национален Парк Галичица и до Biodiversity 4 Everybody кои ни пружија поддршка во реализацијата на овој настан. Благодарение на нивната посветеност, успеавме да овозможиме квалитетно и инспиративно доживување во природа за сите генерации.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на граѓани за заштита и унапредување на животната средина "ECO - LOGIC"

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор