Hera

Консултативна работилница – Потреби и можности за вклучување на матичните лекари специјалисти по семејна медицина во Програмата за скрининг на рак на грлото на матката

На консултативната работилница, матичните лекари специјалисти по семејна медицина дискутираа за можностите, потребите и потенцијалните пречки за нивно вклучување во спроведувањето на Програмата за скрининг на рак на грлото на матката.

Лекарите се согласија дека треба да играат активна улога во програмата – преку здравствена едукација на жените, земање ПАП или ХПВ брисеви, како и преку континуирана соработка со матичните гинеколози од истиот регион. Нивната улога е особено важна во руралните и оддалечени средини, како и во општини каде што нема матични гинеколози.

Специјалистите по семејна медицина располагаат со соодветни знаења и вештини за да се вклучат во скринингот, а покрај тоа уживаат и висока доверба од своите пациентки. Сепак, за нивно ефективно учество потребни се дополнителна едукација, опремување на ординациите, дефинирање на пакет на услуги, како и измени во подзаконските акти со кои би им се овозможил пристап до електронската платформа за скрининг и креирање упати за ПАП или ХПВ тестирање.

Во случај ХПВ тестот да го замени ПАП тестот во скринингот, процесот на вклучување на лекарите од семејна медицина значително ќе се поедностави, бидејќи нема да биде потребна дополнителна скапа опрема, ниту пообемна обука.

Консултативната работилница беше одржана на 27 март 2025 година во Скопје, а се спроведува во рамки на проектот „Унапредени здравствени права на девојките, жените и ранливите групи“, кој е поддржан од Швајцарската агенција за развој преку програмата Цивика Мобилитас. Проектот го спроведуваат партнерските организации: ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ, Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Светски ден за борба против ракот: само 10 отсто од жените опфатени со скрининг за рак на грлото на маткатa

    Иако ракот на грлото на матката е едно од ретките малигни заболувања што речиси целосно може да се превенира, во Северна Македонија секоја година заболуваат околу 200 жени, а помеѓу 40 и 60 жени го губат животот од оваа болест. Алармантен е податокот дека во 2024 година со организираниот скрининг…

  • 🎨 ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЗАНАЕТЧИИ

    Учество во активности за дигитална трансформација на традиционални занаети Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) објавува јавен повик за избор на најмалку 5 локални занаетчии за учество во обука и соработка со млади во рамки на проектот: „Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални […]
    Source

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА МЛАДИ

    Обука за дигитални и социјално-претприемачки вештини за млади за дигитална трансформација на традиционални занаети Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) објавува јавен повик за избор на 30 млади лица за учество во сеопфатна обука за дигитални и социјално-претприемачки вештини, која се реализира во рамки на проектот: „Дигитално оживување…

  • Правилно постапување со био отпад

    Продолжуваме со кампањата за подигање на јавната свест за придобивките и начините за искористувањето на потенцијалот на органскиот отпад, погледнете како правилно се постапува со био отпад на следното видео

  • МЦМС придонесe во креирањето на новиот Закон за здруженија и фондации

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) активно се вклучи во процесот на јавна консултација за Предлог Законот за здруженија и фондации, оставајќи детални коментари на платформата ЕНЕР (Единствен национален електронски регистар на прописи на Република Северна Македонија).

  • Во каква средина работат организациите чиј фокус се родовите прашања

    Македонскиот центар за меѓународна соработка го објави „Истражувањето во фокус: мониторинг на овозможувачката околина за организации кои работат во областа на родовата еднаквост и правата на жените”, кое обезбедува сеопфатна, анализа заснована на докази на условите во кои делуваат овие организации во Северна Македонија.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор