Ruralna

Реализирана средба со Одделението за локален економски развој во општина Кичево

Во текот на вчерашниот ден остваривме средба со раководителот на Одделението за локален економски развој во Општина Кичево г-динот Дарко Белески и истата ја искористивме да го дефинираме текот на претстојните работилници за креирање на програмата за рурален развој и туризам која што за прв пат како таква ќе биде креирана во соработка со Рурална Коалиција и локалните чинители, а во рамките на проектот “Патот до селото: Создавање на одржлив рурален развој во срцето на природата“

🤝На средбата ги разгледавме изработените анализи за мапирање на локалитетите и бизнис можностите во Кичевскиот регион и реонот на Илинска планина што ќе ни бидат појдовна основа во изработката на програмата, а направивме и мапирање на засегнатите страни, се со цел процесот на креирање на програмата да го направиме целосно инклузивен, партиципативен и отворен за сите локални чинители во заедницата

🤝Проектот “Патот до селото: Создавање на одржлив рурален развој во срцето на природата“ го спроведува Рурална Коалиција, а е финансиран како подгрант во рамките на проектот „Одржливо користење на природните ресурси во Кораб Коритник, Шара и Албанските Алпи“, кој што пак се имплементира од страна на канцелариите на ЦНВП Северна Македонија и Албанија и е финансиски поддржан од ПОНТ.

CNVP FoundationPrespa Ohrid Nature Trust – PONT#ruraldevelopment#ruraltourism

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор