8

Женска рурална акција за родово-одговорни локални заедници – Отворен промотивен настан

Во надворешниот отворен дел на Китиното кале пораките за родово-одговорни локални заедници ги пренесовме низ музичките звуци на DJ Aco Sound – Aleksandar Stankoski а во посета ни беа и извидниците од Извидничкиот одред Мирко Милески од Кичево кои што пак со својата креативна работа се вклучија во пренесувањето на пораките за унапредување на родовата еднаквост во локалната заедница преку рачна изработка на подароци од природни материјали

🚻Китиното Кале оживеа и блесна во своето најдобро и најсветло издание говорејќи дека родовата еднаквост, вклученоста на жените во донесувањето на одлуките во заедницата и политиката постоело одамна во овој регион. И самото здание е споменик во кој што живеела една жена и раководела со огромен дел од Кичевската околија.

🚻Оваа приказна заедно со пораките за повеќе жени и млади девојки во политиката, повеќе жени и млади девојки во бизнисот, повеќе жени на раководни позиции, повеќе жени и млади девојки сопственички на имот ги споделивме со присутните учесници на настанот и посетители на Калето, подарувајќи им во исто време од рачните изработки на децата и младите од Извидничкиот одред, но и споменувајќи им пораките да ги пренесат на своите блиски, на своите колеги, на соседите затоа што само кога имаме целосно вклучена заедница може да говориме за еднакви можности и еднакви права за СИТЕ, а тоа води кон создавање и на родово-одговорни и на одржливи локални заедници во исто време!

🚻Оваа иницијатива е дел од проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово инклузивни политики“, реализиран од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, a финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада

#GenderEquality#ЖенскаРуралнаАкција#локалнизаеднициИзвиднички одред “Мирко Милески” / Scout group “Mirko Mileski”Montparnasse association

Оваа вест изворно е објавена на сајтот на Рурална коалиција Кичево 

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор