TIVKOTO MNOZINSTVO 13122016 1

Одржан Граѓански форум во општина Штип

TIVKOTO MNOZINSTVO 13122016 1На 8 декември 2016 година, пред просториите на здружението „Тивкото мнозинство“ од Штип беше одржан Граѓански форум на кој учествуваа текстилни и кожарски работници, стечајни работници, граѓански организации, граѓански активисти и граѓани од Штип, Кумaново, Св. Николе, Крива Паланка, Пробиштип, Штип, Кочани, Зрновци, Карбинци, Чешиново-Облешево, Македонска Каменица, Делчево и од Виница.

TIVKOTO MNOZINSTVO 13122016 1

Форумот беше одржан на отворено за да може да учествуваат пристигнатите околу 400 луѓе. „Проблемот со текстилните и кожарските работници е еден вид табу тема во нашиот регионот, а и општо во државата“, рекоа од Здружението. Според нив, масовното присуство на Форумот е одговор на повеќе децениската манипулација и злоупотреба на овие работници од страна на институциите и на самите работодавачи. Здружението работи напорно речиси една година за да ја стекне довербата на овие работници на кои 25 години никој не се сети.

На Форумот, здружението „Тивкото мнозинство“ даде отчет за досегашната работа, за целите и заложбите за примена на Законот за заштита на укажувачите на дело. Учеството на граѓаните во Форумот има за цел да ги актуелизира проблемите со кои се соочуваат текстилните и кожарските работници во Источна Македонија. Неколку работнички храбро ги претставија своите лични судбини пред присутните.

TIVKOTO MNOZINSTVO 13122016 2

Учесниците сметаат дека една од најприоритетните активности треба да биде формирањето нов Синдикат кој ќе придонесе за решавање или отпочнување на решавање на нивните проблеми. Тие ќе побараат поддршка и од новата власт, да биде нивни партнер и да се воспостави еднаквост на граѓаните пред законите.

Граѓанскиот форум го организираше здружението на текстилни и кожарски работници „Тивкото мнозинство“ од Штип, а е дел од проектот „Мониторинг со едукација и превенција како мерка за унапредување и заштита на правата на текстилните и кожарските работници при имплементација на Законот за заштита на укажувачи (свиркачи )“, финансиски поддржан од Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор