Одржана средба со локални чинители во рамките на проектот „Патот до селото“
Изминатата недела успеавме да реализираме средба со дел од локалните чинители во Општина Кичево кои што ги мапиравме како дел од клучните актери чие што активно вклучување ќе ни биде од особена важност во процесот на реализација на активностите предвидени во рамките на проектот “Патот до селото: Создавање на одржлив рурален развој во срцето на природата“ кој што Рурална Коалиција го спроведува со поддршка на CNVP Foundation и Prespa Ohrid Nature Trust – PONT
На средбата разговаравме со претставници на општина Кичево од одделението за локален економски развој, советници, претставници на образовни институции, регионалната канцеларија за управување со кризи, граѓански организации како добри познавачи на локалните состојби и услови во кои што делува локалната заедница, а при тоа препознавајќи ги најзначајните области и потенцијали за локален економски развој и рурален туризам
На средбата извршната директорка на Рурална Коалиција, Лилјана Јоноски, го презентирашe проектот и предвидените активности, при тоа упатувајќи на можностите за активно вклучување и делување на локалните чинители присутни на средбата, а ја истакна и потребата за мобилизација на заедницата во проектните активности
Следниот период во рамките на проектот ќе се работи на мапирање на локалитетите и бизнис можностите за развој на руралниот туризам во регионот на Илинска-Плакенска планина.
Проектот „Одржливо користење на природните ресурси во Кораб Коритник, Шара и Албанските Алпи се имплементира од страна на канцелариите на ЦНВП Северна Македонија и Албанија и е финансиски поддржан од ПОНТ
Оваа вест изворно е објавена на сајтот на Рурална коалиција Кичево