Rec 5

Започнување со еднодневни работилници со ученици во Биотехнолошката лабораторија

Во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со Еко Логик и Флорозон Центар за еколошка демократија започнавме со одржување на еднодневните Работилници на тема „ Техники за трансформација на биоотпадот ” со основните училишта од Скопје. На 26 ноември и 28 ноември се одржаа 2 работилници со основните училишта ООУ “Димо Хаџи Димов” од Општина Карпош и ООУ “Св. Климент Охридски” од Кисела Вода.

Главната цел на овие работилници е да се подигне свеста на младите дека сите ние придонесуваме за заштита на животната средина и да ги научиме што значи циркуларна економија преку реупотребата на био отпад. Преку нив сакаме да го доближиме концептот на циркуларна економија како начин за остварување на одржлив развој, преку едноставни техники на учење и примена на знаења во пракса, со што ќе придонесат за создавање на идни активни граѓани, образувани во областа на одржливиот развој и циркуларната економија, со цел да остварат придобивки во средината во којашто живеат, творат и се развиваат.

Општата цел на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со Еко Логик и Флорозон Центар за еколошка демократија е стекнување на практични знаења за одржливо управување со органски отпад од страна на ученици од училиштата во Општина Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров, како и од страна на пошироката јавност од Скопскиот плански регион, со цел постигнување на циркуларна економија и остварување на придобивки за одржлив развој.  Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија и Амбасадата на Швајцарија во Македонија Embassy of Switzerland in North Macedonia преку Цивика мобилитас Civica Mobilitas.

На почетокот на развивање на проектната идеа пристапивме кон 3 Општини Карпош,

Ѓорче Петров и Кисела Вода за да добиеме поддршка за реализација на активностите од проектот. Сите три Општини се согласија да ни бидат партнери и ни ја дадоа нивната подршка, затоа учениците доаѓаат од основните училишта во овие Општини.

Работиме со групи со ученици мешани од различни одделенија, а со тоа и различна возраст и предзнаења, првичните реакции беа многу разновидни. Голем дел од учениците за прв пат се среќаваа со ваков тип на настава па нормално е на почеток да беа малку срамежливи и по малку скептични. Меѓутоа, како се одвиваа активностите за време на работилниците, најголемиот дел од нив се вклопуваат во работната атмосфера и им беше интересно да бидат „мали научници“.Интересни им беа споредбите на она што се работи во лабораториски услови со тоа што знаат дека се случува во природата или пак она што го гледаат во секојдневниот живот. Со тоа, не само што учат нови работи, туку и ги поврзуваат нивните знаења и согледувања со она што е тема на работилниците, односно, преработката на биоотпад и заштедата на природни суровини.

Особено се интересни реакциите на учениците во моментот кога успешно ќе го завршат експериментот и ќе можат со сопствени очи да го видат резултатот од она што го работеле. Тие реакции се разновидни, некои се восхитуваат, некои се радуваат а пак некои фотографираат со телефоните.

Веројатно најголемиот предизвик за време на работилниците за учениците е недостатокот на предзнаења кај некои од нив. Тоа пред сѐ се должи на тоа што голем дел од учениците кои учествуват на нашите работилници се од 7-мо одделение, па сеуште на училиште немаат учено за одреден дел од работите како основа на она што го работиме. Секако, овој предизвик нашите едукатори го решаваат така што нивото на материјата која се работи се прилагодува на присутните ученици.

На работилниците не учат само учениците туку и ние и едукаторите! Стекнатите знаења  од овие работилници ќе  ги искористиме за да се подобри процесот на едукација. Кога се работи со деца, свежи идеи и нови моменти никогаш не недостигаат. Дури и со релативно мал број на работилници одржани во однос на вкупниот планиран број, може да се забележи дека постигнуваме сѐ подобри резултати во експериментите, повеќе ангажирани ученици но и подобрување од наша страна. Тоа значи дека учиме и напредуваме. Овие стекнати знаења ќе ни помогнат да станеме уште подобри во ова поле, да организираме уште повеќе вакви настани и да опфатиме што е можно повеќе деца со вон-училишна едукација која ќе придонесе до создавање на генерации кои ќе имаат висока свест за потребата од зачувувањето и заштитувањето на животната средина.

#CivicaMobilitas, #CHinMK,  Цивика мобилитас   (civicamobilitas.mk)

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ)

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор