Cgi

Школа за родова еднаквост

Преку едукација и ресурси, создаваме одржливи модели на организирање на заедницата за унапредување на родовата еднаквост во регионот.

Во рамки на проектот „Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“, во месец декември беше успешно реализирана Школа за родова еднаквост. На школата за родова еднаквост зедоа учество 20 лица од Пелагонискиот регион, кои беа избрани со цел да се обучат и едуцираат на теми поврзани со родовата еднаквост, правата на жените и девојките и начини за активно учество во нивното  зајакнување.

Целта на школата беше да се создаде мрежа на родови промотори кои ќе продолжат да работат на имплементацијата на проектот во своите заедници и кои ќе придонесат за подигнување на свесноста за родовата еднаквост и важноста на оснажување на жените и девојките во Пелагонија.

Школата беше спроведена преку интерактивни работилници, предавања, групни дискусии и студии на случаи. Програмата ги опфати темите на основи на родовата еднаквост преку кои учесниците учеа за основни теоретски концепти, како што се род, пол, родова улога и родови стереотипи. Учениците научија како да разликуваат родова дискриминација од други видови нееднаквости, специфичните предизвици со кои се соочуваат жените и девојките во Пелагонија, како што се ограничените можности за вработување, недостатокот на образовни ресурси, како и социокултурните бариери. Учесниците научија како да се организираат и да влијаат на своите заедници преку кампањи, јавни говори и иницијативи за промена на ставовите и законодавството во врска со родовата еднаквост. Истите се стекнаа со вештини за идентификување и решавање на проблемите на жените во своите локални заедници.

Реализацијата на Школата за родова еднаквост претставува значаен чекор кон зајакнување на жените и девојките во Пелагонија, како и нивно активно вклучување во процесот на промена на свеста и ставовите во нивните заедници. Со оваа школа, проектот не само што обезбедува неопходна едукација и ресурси за учесниците, туку и создава трајни влијанија преку формирањето на мрежа од промотори на родова еднаквост која ќе продолжи да работи на унапредување на родовата еднаквост во регионот.

„Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“  е проект на Центарот за граѓанска иницијатива – Прилеп што се спроведува во партнерство со Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ од Прилеп и Мултиетнчничко здружение за сите воздрасти од с. Црнилиште, Долнени. Проектот е подржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Центар за граѓанска иницијатива

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор