Rabotilnica Carev Dvor2 Scaled

Средба во Царев Двор

Во училиштето „Браќа Миладиновци“ во селото Царев Двор во Преспа се одржа средба на заедницата на која присуствуваа жители од 8 места од овој регион на Преспа. На оваа средба присутните беа запознати со проектот “Превенција од ризици за одржливи практики за животна средина за земјоделци – ПРЕСПА”, финансиран од Европска Унија од програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, а во реализација на Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп, Општина Ресен, Организација за управување со дестинации од Корча и Општина Девол.

Се дискутираше за активности и резултатина проектот, за заштитата на животната средина и прeдизвиците кои ги носат климатските промени. Професорката Наташа Здравевска пред присутните зборуваше за климатските промени, елементите на прилагодување, посебно за мерките за прилагодување на земјоделието, за мерките на прилагодување на водните ресурси, шумарството и туризмот…

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор