Се подготвува Платформа за следење на фемицидите во Северна Македонија
Авторки на нацрт методологијата за платформата за следење на убиствата и обидите за убиства на жените и девојките се Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права и Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа за борба против насилството врз ѓените и семејното насилство.
Институциите ќе мора соодветно да одговорат кога ќе почнат да се спроведуваат активностите предвидени со методологијата. Кога Хелсиншкиот комитет ги истражувал околностите во случаите на фемициди се откривало дека постоеле пропусти од страна на надлежните институции. Најчесто се случувало жртвата да пријавува насилство пред да се случи фемицидот, но не биле преземани дејствија таа жртва да се заштити. Особено во руралните средини тие случаи се занемарувале, сметатајќи ги за приватна работа..
This post was originally published on this site