Потпишан договор за финансирање на новиот проект на Рурална Коалиција: “Патот до селото: Создавање на одржлив рурален развој во срцето на природата”
Денес бевме дел од регионaлната конференција посветена на одржливото управување со природните ресурси на Шар Планина, Кораб, Коритник и Албанските Алпи, каде што имавме можност да слушнеме како да ја унапредиме заштитата на биодиверзитетот, но и како да изнајдеме можности и поддршка за развој на одржлив туризам токму со употреба на локалните природни ресурси со кои што располагаат овие региони во Македонија и Албанија.
Конференцијата претставуваше спој на институциите, локалната самоуправа, граѓанските организации и жителите од руралните средини кои што во изминатиот период посветено работеле на зачувување на природните ресурси и нивна одржлива употреба во заедницата.
Ние конференцијата ја искористивме и да го потпишеме договорот за грант со кој што стануваме дел од заедницата на CNVP Foundation која што брои 47 здруженија од двете страни на границата.
Размената на искуства како и вмрежувањето сигурно ќе ни помогнат во имплементацијата на нашиот проект финансиран во рамките на програмата на CNVP, а кој што треба да го покаже патот до селото кој што ќе води до одржлив рурален развој и туризам во Кичевскиот регион
Prespa Ohrid Nature Trust – PON

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Рурална коалиција Кичево



![[Aggregator] Downloaded image for imported item #52242](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/10/Protective-teal-circle-around-a-vermilion-disc-819x1024-1-768x960.png)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #52237](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/10/ECOSOCIAL-VOICES-Social-Media-768x960.jpg)


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #52197](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/10/Ico_vule_baze2-576x1024-1.jpg)
