рур к 3 1024x683

Презентиран националниот извештај за примена на СИГМА принципите од страна на Министерството за земјоделство на регионалниот состанок на WeBer платформата

На 06-ти ноември, нашата извршна директорка, Liljana Jonoski учествуваше на регионалниот состанок за реформа на јавната администрација како дел од проектот ВЕБЕР 3.0, спроведуван од мрежата Мисли за Европа.

Членовите на WeBER платформата од Западен Балкан се сретнаа и разговараа за РЈА на регионално ниво. Оваа платформа обединува повеќе граѓански организации, владини претставници, меѓународни и регионални организации, заедно со истакнати независни експерти, кои споделија своите согледувања за најновите случувања во РЈА.

Во две паралелни сесии, членовите на ГО презентираа прелиминарни резултати и препораки од посебните анализи за земјите од Западен Балкан, за тоа како овие принципи на РЈА се вградени во националните секторски политики, а меѓу организациите кои што ги презентираа своите наоди и предизвици беше и Рурална Коалиција како една од членките на Национална група за реформа на јавната администрација.

Повеќемесечната работа при изработката на извештајот каде што се анализираше примената на СИГМА принципите во работата на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство беше презентирана од страна на извршната директорка која што напомена дека реформите во јавната администрација се можни само ако постои волја од сите засегнати страни, а конкретно Министерството за земјоделство поголемиот дел од принципите ги применува на задоволително ниво освен делот кој што се однесува на давањето на повратен одговор кон граѓаните, како и анализа на нивните потреби и приоритети кога се во прашање услугите на институциите.

Во периодот кој што следува Рурална Коалиција ќе работи заедно со Министерството во насока на унапредување на комуникацијата со граѓаните и зголемување на кавлитетот на услугите согласно барањата на граѓаните.

 Овој извештај беше изработен во рамките на Проектот ВеБЕР 3.0 кој е имплементиран од мрежата Мисли за Европа која ја сочинуваат Институт за европска политика (ЕПИ)/European Policy Institute – EPI, Институтот за демократија и медијација од Тирана, Институтот Алтернатива од Подгорица, Групата за правни и политички студии од Приштина, Надворешнополитичка иницијатива од Сараево, координирани од Центарот за европски политики од Белград

#EPI #RPA #SIGMA #WeBER 3.0

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Рурална коалиција Кичево

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор