Lms Caska 09.10.24 1 1024x768.jpg

Започна подготовката на Локална младинска стратегија 2025-2029 во Општина Чашка

АКТИВО од Велес, во партнерство со НВО Инфоцентар преку проектот „Здружени за активно граѓанство“поддржан од Европската Унија во соработка со Оштина Чашка организираше работна средба за изработка на новата Младинска стратегија 2025-2029 година во општина Чашка. Во отворен и партиципативен процес младите од Општина Чашка имаа можност да ги идентификуваат стратешките приоритети, цели и активности во Општина Чашка. Настанот се одржа на 09 октомври 2024 година во просториите ООУ Тодор Јанев во населба Чашка.

На настанот, кој е дел од напорите на општината за изработка на Локална младинска стратегија во Чашка, учествуваа двасетина млади од населените места Чашка, Извор и Горно Јаболчиште, како и членови на организации за млади и младински организации кои делуваат во општината.

Лидија Пљакова од Општина Чашка предочи дека младите ја имаат поддршката од страна на Општина Чашка за изработка на новата Локална младинска стратегија како стратешки документ на општината. Ја нагласи можноста за поддршка, при изработка на проектни апликации од страна на младите со кој ќе бидат реализирани нивните приоритети.

Дејан Ристов од АКТИВО  го модерираше настанот, ги водеше младите низ процесот на дефинирање на приоритетните области,  како и младински потреби и препораки кои ќе бидат составен дел од новата Локална младинска стратегија 2025-2029 година на Општина Чашка.

На работната средба присуствуваше и Трајче Мишкоски, Претседател на Советот на Општина Чашка. Мишкоски ги мотивираше присутните да ги донесат приоритетните области и нивните потреби и истакна дека младите ја имаат неговата поддршка и поддршката на Советот за конкретни идеи и активности кои се во нивни интерес.

Оваа иницијатива ќе придонесе за активно вклучување на младите во носењето одлуки на локално ниво, поголема информираност, јакнење на улогата на младите во општината, препознавање на младинските потреби и предизвици, поттикнување на напредокот и развојот на младите како и зајакнување на нивната улога во општеството.

Одржувањето на настанот е мотивирачки чекор младите од општина Чашка да практикуваат активно граѓанство преку дефинирање на приоритетните области во новата Локална младинска стратегија идентификување на приоритетите на младите и да работат во градењето на подобра иднина во локалната средина за сите граѓани.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение Центар на активни граѓани АКТИВО Велес

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор