27457dd6 61fd 49ec B9f2 78bb00e5a52f 768x1024

Младите и коцкањето

Денес  во рамки на регионалниот проект „Младите и коцкањето“, кој го спроведува ХОПС- Опции за здрав живот Скопје во партнерство со Лабиринт од Косово и Превент од Србија, а со поддршка на Western Balkans Fund организираше  конференција за новинари како и регионална конференција на тема: “Младите и коцкањето“ на која присуствуваа претставници на министерствата, институциите и граѓанските организации надлежни за ова прашање од Северна Македонија, Србија и Косово. На конференцијата беа презентирани резултатите од истражувањето “ Младите и нивните навики за обложување во Северна Македонија, во  Србија и во Косово” . Ова истражување кое опфати 214 млади на возраст до 25 години во Македонија покажа дека 17,8 % од испитаниците се изјасниле како зависни од играње игри на среќа , односно од коцкање. Осумдесет и четири проценти од испитаниците рекле дека познаваат некој помлад од 25 години кој е зависен од играње игри на среќа. Од нив, дури 39,3 % рекле дека познаваат повеќе од 10 луѓе помлади од 25 години кои се зависни од играње игри на среќа, а само 11,2 % рекле дека не познаваат лице помладо од 25 години кое е зависно од игри на среќа. 

Во однос на информирањето на играчите на игри на среќа од страна на организаторите на овие игри за опасноста од стекнување зависност, само 19,2 % од испитаниците рекле дека во објектите во кои играат игри на среќа постојат информации дека може да се стане зависен од овие игри. Исто така само 7,5 % од испитаниците рекле дека во објектите во кои играат игри на среќа постојат информации каде што може да се побара помош во случај на зависност од овие игри. 

Беа предложени и следниве  препораки до надлежните институции во Македонија:

  • Владата да формира координативно тело составено од претставници на надлежните министерства, на граѓанските организации и експерти кои ќе работат на носењето на соодветни политика за справување на проблемот со зависноста од коцкање
  • Во постоечкиот закон за игри на среќа да се предвидат обврски за сите приредувачи на игри на среќа за информирање на играчите за опасноста од стекнување зависност од играње игри на среќа како и за за тоа каде можат да побараат помош во случај на зависност од играње игри на среќа.
  • Во постоечкиот закон за игри на среќа да се предвидат обврски за сите приредувачи на игри на среќа за плаќање данок за финансирање на програми за превенција на зависности, како и на програми за лекување на зависности од игри на среќа.
  • Да се направат промени во правната регулатива со која на јасен начин ќе се утврди обврската на приредувачите на игри на среќа да ги едуцираат своите вработени за препознавање на зависност кај играчите на нивните игри и споделување информации за можностите за лекување на зависноста.
  • Да се спроведе информативна кампања за опасностите од зависноста од игрите на среќа кај малолетници и лица помлади од 25 години.
  • Министерството за образование да подготви програма за превенција на зависности која ќе се спроведува во основните и средните училишта
  • Министерството за здравство да отвори програми за лекување на зависност од коцкање. 
  • Министерството за образование да воведе соодветна програма за превенција на зависности во наставната програма во основните и средните училишта
  • Да се воведат построги санкции за непочитувањето на одредбите од Законот, особено на оние со кои се забранува учество на малолетни лица во игри на среќа и забрана за послужување алкохол на малолетници и да се обезбеди построга примена на овие одредби.
  • Да се забрани секаква форма на рекламирање на обложување во печатени и во електронски медиуми (по примерот на забраната за рекламирање цигари).

Целото истражување може да го прочитате на следниов ЛИНК.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор