Whatsapp Image 2024 11 29 At 13.15.47 1024x768.jpeg

НАСТАН ЗА ЛИЧНА БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА И ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА РОДОВОТО И СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО

„ПРЕКИНИ ГО МОЛЧЕЊЕТО, ЗАПРИ ГО НАСИЛСТВОТО“

На 27 ноември 2024 година, во с. Канатларци се одржа едукативна работилница на жените и младите со предавања на теми за лична безбедност и препознавање на родовото и семејното насилство. Настанот беше дел од Меѓународната кампања „16 дена активизам за елиминација на насилството врз жените и семејното насилство“.

Едукативните работинлици ги водеа Началничката на Отсекот за превенција Мирјана С. Недановска, Самостојниот инспектор Ките Трајковски при СВР – Битола и Помошник – инспекторката во ОВР Прилеп – НККР – ОК, Мелек Ј. Текешаноска. Тиа ја опфатија важноста од препознавање на сите видови насилства, превенција од семејно насилство, мерки за заштита, начинот на кој жртвите можат да се заштитат и да побарат помош.

Настанот ја потврди важноста на едукацијата како средство за подигнување на свеста за личната безбедност и заштита од насилство. Преку овие активности се испраќа силна порака дека борбата против насислтвото е одговорност на сите, со цел да се создаде посигрна и поправдена заедница и живот без насилство.

Секој човек заслужува живот без страв и насилство. Заедно можеме да создадеме свет каде што почитта, разбирањето и поддршката се основа на секое општество.

Изразуваме искрена благодарност до СВР – Битола и ОВР Прилеп. Исто така упатуваме благодарност до предавачите и до сите присутни.

Овој значаен настан е организиран од Женска граѓанска иницијатива „АНТИКО“, „СЕКОГАШ СОЖИВОТ“ и ЗОК „АДРИОН.“ Тој е дел од заедничкиот проект „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество.“  поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС,НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде се на Здружението “Секогаш Соживот„ не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за мултикултурна афирмација и едукација на жените и младите во руралните средини СЕКОГАШ СОЖИВОТ с.Канатларци, Прилеп

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор