470189084 904384778493969 7219884802849639631 N 1024x1024.jpg

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Здружението ЕХО едукативно-хуманитарна организација и Општина Штип, во рамките на проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово-инклузивни и одговорни општини“

Денес нашите партнери од Здружението ЕХО едукативно-хуманитарна организација во рамките на проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово-инклузивни и одговорни општини“, потпишаа Меморандум за соработка со Општина Штип. Овој проект го спроведуваме заедно со Здружението ЕХО Едукативно хуманитарна организација и Здружението ИНИ Иницијатива на невработени интелектуалци.

Со ова партнерство започнуваме важен чекор кон реализација на проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово-инклузивни и одговорни општини“, кој нуди практични решенија за трансформативни промени во заедницата.

Меморандумот има за цел:

  1. Проценка на актуелните приоритети и потреби на жените и девојките во локалната заедница;
  2. Мобилизација на жени и девојки во креирање на родово сензитивни политики и програми во заедницата;
  3. Поддршка во организацијата на 1 локален Форум на
    заедницата, како и учество на претставници/чки од општинската администрација во реализација на останатите активности поврзани со презентација и одредување на приоритети за подготовка на родово буџетски иницијативи;
  4. Учество на регионална конференција;
  5. Поддршка при мобилизација и создавање на јадро на женски активистки – лидерки, меѓу кои и жени активистки од партиите и раководителки од општинската администрација;
  6. Активно вклучување на вработените во општината во
    активности/работилници за родово одговорно буџетирање;
  7. Вклучување на жените и девојките од заедницата во креирање на општинските програми и проекти;
  8. Поддршка во мобилизација на жените и девојките од заедницата за учество на отворените денови за промоција на активностите на проектот и родово одговорното буџетирање;
  9. Залагање и застапување за реализација на родово – буџетски иницијативи, предложени од проектниот тим.

Заеднички градиме поправедна и инклузивна заедница!

Проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово-инклузивни и одговорни општини“ е финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија за поддршка на граѓанското општество во Северна Македонија, која ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска.
Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија кои се водени од силен граѓански сектор, од активни граѓани и добра соработка со властите што резултира со проширен граѓански простор, поодржливи граѓански организации и потранспарентно, отчетно и општествено инклузивно владеење на централно и локално ниво.
Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор