Platforma Za Hiv.png

Платфoрма за ХИВ: Апелираме Владата да ги обезбеди потребните средства

Платформата за ХИВ апелира до Владата да го предвиди неопходниот минимален буџет за Програмата за заштита на населението од ХИВ-инфекција за 2025 година, кој изнесува 130 милиони денари; од нив 109 милиони се потребни за обезбедување лекови и 21 милион за да се одржат на сегашното минимално ниво услугите за превенција. Овие потреби се веќе максимално рационализирани.

Со износот од 90 милиони денари кој е предвиден во предлог-буџетот за 2025 г. оваа Програма е неоправдано скратена, наместо да биде зголемена. Тој е недоволен ниту за да се обезбеди соодветна терапија за сите пациенти, вклучувајќи ги и новите случаи што ќе бидат дијагностицирани во текот на следната година, додека мерките за превенција целосно би се укинале доколку буџетот не се коригира.

Во моментот околу 130 пациенти со ХИВ или 30% од пациентите примаат застарена терапија којашто веќе одамна не е препорачана од Светската здравствена организација и не е во употреба речиси никаде во нашиот регион, поради појавата на несакани дејства поврзани со централниот нервен систем, кои го попречуваат нивното секојдневно функционирање и го загрозуваат успешното лекување.

Секој граѓанин има право на здравствена заштита. Програмите за превенција се токму тоа за околу 8000 граѓани кои се маргинализирани, а голем дел од нив се и надвор од системот. Доколку не се обезбедат неопходните минимум средства, овие луѓе ќе останат без пристап до за нив основна здравствена заштита, а ќе се укинат: услугите за доброволно и доверливо ХИВ-тестирање – стационарни и мобилни, 13 програми за намалување на штети од употребата на дроги во 13 градови, дијагностика на сексуално преносливи инфекции, мобилна гинеколошка амбуланта за жени од рурални средини и маргинализирани заедници и други.

За ефикасноста на мерките за превенција на ХИВ има докази како за ретко која здравствена програма. Да се потсетиме дека Македонија успешно има спречено епидемија на ХИВ кај лицата што употребуваат дрога и таквата состојба треба да се одржи.

– Во Македонија веќе е докажана ефективноста на програмите за намалување на штети од употреба на дроги. Имено, од 1987 до 2023 година се регистрирани вкупно  632  случаи на ХИВ. Од нив само 12 се лица кои инјектирале дроги. Во последните 10 години, по отворањето и развивањето на поголемиот број програми за намалување на штети евидентиран е само 1 нов случај на ХИВ преку инјектирање на дроги. Токму поради овие програми Македонија успешно спречи епидемија кај луѓето кои инјектираат дроги, изјави Влатко Деков од Здружението ХОПС.

– Ако се земе предвид бројот на направени тестови, граѓанските организации успеваат да дијагностицираат неколкупати повеќе случаи на ХИВ отколку целокупниот јавен и приватен здравствен сектор. Тоа кажува дека кога би инвестирале повеќе во овие програми и во мерките на тестирање на ниво на заедницата, би откриле повеќе лица со недијагностицирана инфекција, а тоа е патот да ставиме крај на епидемијата на ХИВ во земјата, бидејќи кога ги дијагностицираме лицата и тие почнуваат со терапија, вирусот веќе не може да се пренесува на друго лице, изјави Андреј Сених од Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ.

Доколку не се обезбеди неопходниот минимум средства не само што нема да се заштеди, туку граѓаните ќе платат многу повисоки трошоци во следните неколку години, како и на долг рок: повеќе инфекции со ХИВ сами по себе значат поголеми трошоци за основната терапија во иднина, која е доживотна. Уште повеќе, кога луѓето не се дијагностицираат навреме, што се постигнува со овие превентивни програми, тогаш тие доаѓаат во здравствениот систем кога веќе имаат сериозни компликации, чие лекување бара долги хоспитализации и многу поскапи дополнителни терапии. Тоа го чини здравствениот буџет драстично повеќе отколку инвестирањето во превенцијата. Според тоа, ние како земја не смееме да си дозволиме да не инвестираме во докажани мерки за превенција. Тоа би било неодговорно кон парите на граѓаните.

Се надеваме дека Владата ќе постапи во согласност со својата Фискална стратегија за периодот 2025-2029, како и до својата Програма за работа 2024-2028, која вели:

„Особено ќе се залагаме за пристап до квалитетна здравствена заштита, посебно кај социјалните ранливи групи на население за ХИВ/СИДА и други сексуално преносливи инфекции, за абортус, за инфертилитет, за малигни заболувања на дојка и матка.“

Да не дозволиме како земја да се шири епидемијата на ХИВ во 2025 година, кога светот се движи кон ставање крај на овој проблем на јавното здравје. Веруваме дека Владата може да изнајде решение за ова прашање.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА Скопје

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор