Органското производство на еко туризмот адути за развој на руралните средини
Во организација на здружението на граѓани „Eко Партнерс“ на 24.01.2019 година со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија се оддржа првиот ,,Ден на органското производство и форум за еко туризам преку регионални практики”.
На форумот присуствуваа голем број на производители на органско производство како и голем број на изложувачи со своите производи кои ја збогатија самата манифестација. Презентирање на региналните практики во органско производство и потребата за европските пазари како и моменталните состојби во Македонија беше испрезентирана од Габриела Митрикеска -Swiss Contact која ги охрабри органските производители за вмрежување,нови можности, идеи и заеднички извоз на европскиот пазар. Можностите за еко туризмот во заштитените подрачја и националните паркови и идеалните услови за Агри туризмот во руралните средини се испрезентираа од Дејан Методијески и Оливер Филипоски од факултетот за Туризам при Универзитетот Гоце Делчев – Штип…