Граѓаните за промена #17

АПРИЛ - ЈУНИ 2024 

Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена. Првата порака за животната средина на која се сеќавам, ми се обраќаше од еден календар од „Наш Свет“, интересно, информативно и едукативно четиво за основци. На секоја страна имаше фотографии од различни птици, а пораката беше „Спасете не, заради вас“! Во основно училиште, во тоа време, како и надвор од него, не се зборуваше многу за животната средина, ама уредниците на списанието изгледа биле чекор понапред од другите.

Во тримесечието што го оставивме зад нас го одбележавме Меѓународниот ден на животната средина. Иако оваа година одбележувањето беше посветено на борбата против опустинувањето, ова е добра прилика да се осврнеме и на сите други аспекти од заштитата на планетата која за сега е единствениот познат дом на човештвото какво што го познаваме. Шумите, водите, воздухот, почвата, сите живи суштества што ја населуваат планетата, целиот тој екосистем, го заслужува секојдневното внимание и грижа на нас луѓето кои сме единствено одговорни за неговото постојано уништување.

Констатацијата не е радикална. Тоа го покажуваат различни научни истражувања кои се однесуваат на исчезнувањето на одредени видови, на пресушувањето на извори на вода, на континуираното зголемување на просечната температура итн. На пример, анализите кои ги направил Центарот за климатски промени (ЦКП) за промената на температурата во следните 40 години покажуваат дека се очекува во летните периоди просечната температура да биде повисока дури за 6˚ C во однос на сегашната. Порастот на температурата се очекува дека ќе предизвика почести температурни разлики, екстремни временски настани како што се бура, град, поројни дождови и поплави како резултат на огромни количини дожд за краток временски период но, и ветришта со се поголем интензитет. Би рекле дека иднината ни е сегашност.

Паралелно со загрижувачките податоци за уништувањето на планетата кои се резултат на нашето неодговорно однесување, сведоци сме на различни теории кои не се ништо друго туку алиби за актуелната состојба.Ќе слушнете дека тоа е природен процес кој нема ништо со луѓето, дека климатските промени се измислена работа и дека планетата ќе најде начин да се справи со оваа состојба.

Ваквото свесно затворање очи и разум пред толку очигледните проблеми кои сите не засегаат е се само не одлика на најсвесниот вид кој ја населува планетава.

Време е да се запрашаме ние на која група и припаѓаме: на онаа со загрижените за злоделата врз животната средина, на онаа со тнр. конспиративци или сме само неми набљудувачи на случувањата. Време е да се запрашаме што правиме ние лично за ова прашање и дали тоа завршува со објави на социјални мрежи. Не, не велам дека тоа е лошо, само дека не е доволно, не повеќе.

Граѓанските организации се меѓу најгласните во барањето одговорност, во подигнувањето на свеста на целата јавност и нудењето решенија за проблемите со животната средина. Но треба да одиме чекор понатаму, треба да ја преземеме личната, индивидуалната одговорност и да водиме со личен пример. Да се прашаме себе си, што правам јас за да ги намалам лошите влијанија, да дадам личен пример на другите. Дали селектирам отпад, дали влијаам на другите да го прават тоа, дали алармирам кога ќе забележам дива депонија, дали пријавувам, дали има реакција на моето пријавување, што ако нема, се откажувам или продолжувам? Безброј акции можеме да преземеме секојдневно сами, заедно со другите или заедно со соседите од заедницата во која живееме или пошироко.

Да ја заштитиме животната средина, заради нас. Да направиме исчекор, да бидеме пример што вреди да се следи!

Пријатно читање!

Продолжи со читање

  • Граѓаните за промена #21

    АПРИЛ-ЈУНИ 2025 Новиот број на Граѓаните за промена #21 магазинот е посветен на овоможувачката околина. Граѓанските организации и нивниот придонес во програмите на кандидатите на локалните избори „Ни треба институционална култура за слушање на гласот на сите граѓани и сите ранливи групи“ – рече еден од граѓанските активисти, учесници на…

  • Граѓаните за промена #20

    ЈАНУАРИ-МАРТ 2025 Во овој број посветен на граѓанското учество, ги носиме приказните на оние кои не се помируваат со статус кво. Од Битола до Скопје, низ конференции, обуки, маршеви и локални анализи, граѓанскиот сектор ја води својата и битката на оние кои ги застапува за поинклузивно, одговорно и одржливо општество….

  • Граѓаните за промена #19

    ОКТОМВРИ-ДЕКЕМВРИ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена #19, со фокус на Граѓански ангажман. „Убеден сум дека во дијалог со невладините организации ќе можеме да градиме подобри политики, ќе можеме да носиме поквалитетни одлуки за одредени сфери од општеството“. Ова беше една од пораките на премиерот Мицковски испратена…

  • Граѓаните за промена #18

    ЈУЛИ – АВГУСТ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена, со фокус на овозможувачката околина. „Нема напредок во сеопфатната реформа на рамката за државно финансирање на граѓанските организации“–ова е старо-новата констатација на Извештајот за овозможувачка околина за 2023 година што беше објавен минатиот месец. Се разбира, ова не…

  • Граѓаните за промена #16

    ЈАНУАРИ – МАРТ 2024 Добредојдовте во новиот број на магазинот на Цивика мобилитас, „Граѓаните за промена“, гласник на програма за поддршка на граѓанското општество поддржана од владата на Швајцарија, но и гласник на целото граѓанско општество. По пауза од речиси една година им се враќаме на темите и иницијативите кои…

  • Граѓаните за промена #15

    ОКТОМВРИ – ДЕКЕМВРИ 2022 Ова е последниот број на списанието „Граѓаните за промена“, гласникот на Цивика мобилитас, но и гласник на целото граѓанско општество. Да бидеме поспецифични, ова е последен број од оваа фаза на Цивика мобилитас и во овој формат во кој ги презентиравме активностите и постигнувањата на граѓанските…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор