Граѓаните за промена #24

ЈАНУАРИ - МАРТ 2026 | ПРЕЗЕМИ ГО МАГАЗИНОТ

Старо-новите предизвици на граѓанскиот сектор  

Civic world 24 mk

Предлог – Законот за здруженија и фондации, односно коментарите и предлозите поврзани со него предизвикаа повеќе дебати во граѓанскиот сектор во  почетокот на годината. Ова беше и разбирливо ако се има предвид дека станува збор за основниот закон според кој функционираат граѓанските организации. Поднесените околу 130 коментари многу јасно го покажуваат интересот за тоа како ќе биде регулирана работата на граѓанските организации и дали новиот закон ќе го прошири или ќе го стесни просторот за работа на граѓанскиот сектор. Најчесто коментирани се членовите од предлог-законот кои се однесуваат на вршењето економски активности и кофинансирањето на проектите од меѓународни донатори. Новиот текст на предлог-законот се уште не сме го виделе, а според најавите дека ќе биде испратен на разгледување и во Венецијанската комисија, големи се шансите годината да ја завршиме „по старо“.   

Паралелно со оваа дебата, финансирањето на граѓанските организации остана хронична тема. Колегите од УНДП презентираа истражување според кое јавните средства за граѓанските организации речиси се учетвориле за шест години — но и дека зад оваа бројка се крие структурен проблем. Според истражувањето, над 37 проценти од националното финансирање во 2024 година е распределено без јавен повик и без транспарентна постапка. На локално ниво, спортот апсорбира и до 95 проценти од средствата, оставајќи маргинален буџет за организациите кои работат со млади, жени, животна средина и социјална правда.  

Покрај овие две теми, посветени на околината во која функционираат граѓанските организации, новото издание на магазинот „Граѓаните за промена“ се осврнува и на работата на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество како и на новата интерактивна платформа на БЦСДН која ги прави регионалните податоци за граѓанскиот сектор попристапни.  

Во темите поврзани со граѓанското учество, новиот број ги следи напорите за застапување на граѓанските организации поврзани со бесплатната здравствена заштита на Ромките и нивните деца, капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие, функционалноста и достапноста на јавниот простор за сите, работата на Агенцијата за слободен пристап до информации како и енергетската транзиција која претставува длабока општествена трансформација.   

Преку граѓанскиот активизам, организациите адресираа повеќе прашања поврзани со правата на жените и девојките, животната средина, заштитата на личните податоци, инклузијата на лицата со попреченост итн.  

Новиот број на „Граѓаните за промена“ ги следи овие процеси, ги документира и верува дека информираниот граѓански сектор е најдобриот коректив на политичките одлуки. 

Пријатно читање! 

Продолжи со читање

  • Граѓаните за промена #23

    ОКТОМВРИ-ДЕКЕМВРИ 2025 | Преземи го магазинот Граѓанското учество е право и одговорност на сите Во фокусот на овој број на Граѓаните за промена е граѓанското учество. Тема која граѓанските организации и во овој квартал не само што ја дискутираа туку и ја практикуваа. Колегите од ПроЛокал, од Битола, тоа го…

  • Граѓаните за промена #22

    ЈУЛИ-СЕПТЕМВРИ 2025 | Преземи го магазинот Ајде да решиме заедно! „Овие протести покажаа дека храброста и истрајноста можат да променат многу. Од борба за воздух – до пример за човечност и заедништво. Нека ова биде инспирација и за другите иницијативи низ Македонија“,  вака им се обрати на собраните граѓани еден…

  • Граѓаните за промена #21

    АПРИЛ-ЈУНИ 2025 Новиот број на Граѓаните за промена #21 магазинот е посветен на овоможувачката околина. Граѓанските организации и нивниот придонес во програмите на кандидатите на локалните избори „Ни треба институционална култура за слушање на гласот на сите граѓани и сите ранливи групи“ – рече еден од граѓанските активисти, учесници на…

  • Граѓаните за промена #20

    ЈАНУАРИ-МАРТ 2025 Во овој број посветен на граѓанското учество, ги носиме приказните на оние кои не се помируваат со статус кво. Од Битола до Скопје, низ конференции, обуки, маршеви и локални анализи, граѓанскиот сектор ја води својата и битката на оние кои ги застапува за поинклузивно, одговорно и одржливо општество….

  • Граѓаните за промена #19

    ОКТОМВРИ-ДЕКЕМВРИ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена #19, со фокус на Граѓански ангажман. „Убеден сум дека во дијалог со невладините организации ќе можеме да градиме подобри политики, ќе можеме да носиме поквалитетни одлуки за одредени сфери од општеството“. Ова беше една од пораките на премиерот Мицковски испратена…

  • Граѓаните за промена #18

    ЈУЛИ – АВГУСТ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена, со фокус на овозможувачката околина. „Нема напредок во сеопфатната реформа на рамката за државно финансирање на граѓанските организации“–ова е старо-новата констатација на Извештајот за овозможувачка околина за 2023 година што беше објавен минатиот месец. Се разбира, ова не…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор