Граѓаните за промена #15

ОКТОМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2022  

Ова е последниот број на списанието „Граѓаните за промена“, гласникот на Цивика мобилитас, но и гласник на целото граѓанско општество. Да бидеме поспецифични, ова е последен број од оваа фаза на Цивика мобилитас и во овој формат во кој ги презентиравме активностите и постигнувањата на граѓанските организации во последните четири години.

Како што ветивме, фокусот на интересот беа граѓаните како корисници на услугите на граѓанските организации но, исто така и како иницијатори и учесници во општествените промени. За нив, во „Граѓаните за промена“ објавивме 360 информации. Ако ги цениме активностите и постигнувањата на основа на објавите, би рекле дека тие најчесто биле поврзани со граѓанскиот ангажман или активизам на што сме посветиле 133 текстови. Веднаш потоа се оние поврзани со граѓанското учество, или вкупно 98 текстови. Списанието, на свој начин одговори на една од најдраматичните здравствени кризи, односно на пандемијата предизвикана од Ковид-19. Активностите на граѓанските организации поврзани со неа беа дел од неколку изданија на списанието, а едно целосно беше посветено на нив.

Цивика мобилитас веќе 12 години ги поддржува граѓанските организации и нивниот развој. Резултат на тоа се зајакнати организации, не само финансиски туку и во нивните знаења и вештини, во нивната гласност и во нивната битка да бидат прашани и слушнати, да бидат суштински дел од дискусиите и креирањето на политиките во државата. Таа беше и сé уште е една од најзначајните програми за таа поддршка. Во трите фази на спроведување, вкупно 324 организации добија 463 грантови, а само во последната фаза, со 149 грантови, 130 организации станаа дел од големото семејство грантисти. Но, Цивика мобилитас не e ексклузивна заедница и програмата се стреми да допре до сите граѓани и граѓански организации, да ги сподели информациите и знаењата што се создаваат во текот на нејзиното спроведување. Затоа сме отворени за сите организации, за сите чинители на граѓанското општество кои ќе овозможат да го зајакнеме граѓанското учество, да ја подобриме соработката, да ги изградиме врските со нашите конституенти да ја направиме околината во која функционираме подобра за работа.

„Граѓаните за промени“ на Цивика мобилитас ќе продолжи и во новата фаза, која ќе започне на 1 април 2023 година. Во неа, списанието ќе транзитира кон поголема одржливост што ќе значи многу поголема вклученост на граѓанските активисти во создавањето на текстовите. Тимот на Цивика мобилитас ќе биде тука да ја олесни таа транзиција, а списанието да остане дел од мозаикот со која Швајцарската амбасада веќе 12 години дава поддршка на граѓанскиот сектор и која не е само финансиска, туку и содржинска и суштинска, а таа поддршка не само што го зајакна секторот, туку го направи и погласен и повидлив. Ова е затворање на една фаза но, и повик до сите колеги да бидат дел од „Граѓаните за промена“ во новата фаза.

Да ги споделиме информациите затоа што тие вредат тогаш кога ќе стигнат таму каде што е потребно.

Пријатно читање!

Продолжи со читање

  • Граѓаните за промена #21

    АПРИЛ-ЈУНИ 2025 Новиот број на Граѓаните за промена #21 магазинот е посветен на овоможувачката околина. Граѓанските организации и нивниот придонес во програмите на кандидатите на локалните избори „Ни треба институционална култура за слушање на гласот на сите граѓани и сите ранливи групи“ – рече еден од граѓанските активисти, учесници на…

  • Граѓаните за промена #20

    ЈАНУАРИ-МАРТ 2025 Во овој број посветен на граѓанското учество, ги носиме приказните на оние кои не се помируваат со статус кво. Од Битола до Скопје, низ конференции, обуки, маршеви и локални анализи, граѓанскиот сектор ја води својата и битката на оние кои ги застапува за поинклузивно, одговорно и одржливо општество….

  • Граѓаните за промена #19

    ОКТОМВРИ-ДЕКЕМВРИ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена #19, со фокус на Граѓански ангажман. „Убеден сум дека во дијалог со невладините организации ќе можеме да градиме подобри политики, ќе можеме да носиме поквалитетни одлуки за одредени сфери од општеството“. Ова беше една од пораките на премиерот Мицковски испратена…

  • Граѓаните за промена #18

    ЈУЛИ – АВГУСТ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена, со фокус на овозможувачката околина. „Нема напредок во сеопфатната реформа на рамката за државно финансирање на граѓанските организации“–ова е старо-новата констатација на Извештајот за овозможувачка околина за 2023 година што беше објавен минатиот месец. Се разбира, ова не…

  • Граѓаните за промена #17

    АПРИЛ – ЈУНИ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена. Првата порака за животната средина на која се сеќавам, ми се обраќаше од еден календар од „Наш Свет“, интересно, информативно и едукативно четиво за основци. На секоја страна имаше фотографии од различни птици, а пораката беше „Спасете не,…

  • Граѓаните за промена #16

    ЈАНУАРИ – МАРТ 2024 Добредојдовте во новиот број на магазинот на Цивика мобилитас, „Граѓаните за промена“, гласник на програма за поддршка на граѓанското општество поддржана од владата на Швајцарија, но и гласник на целото граѓанско општество. По пауза од речиси една година им се враќаме на темите и иницијативите кои…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор