Леунора Калиќи нов Претседател на Управниот одбор на СЕММ

 Од седницата на УО на СЕММЛеунора Калиќи е избрана за нов претседател на Управниот одбор на Советот за етика во медиумите на Македонија. Таа е новинарка во Вториот програмски сервис на МРТ, со повеќе од две децениско работно искуство.  Леунора беше предложена и доби едногласна поддршка од членовите на УО на СЕММ, избрани на годишното Собрание на СЕММ што се одржа на 19.06.2023. Таа доаѓа на местото на Катерина Синадиновска, која на позицијата Претседател на УО на СЕММ беше два мандати, од 2015 година.

За заменик-претседател на УО е избрана Сашка Цветковска, уредничка во Истражувачката репортерска лабораторија.

Управниот одбор на СЕММ го сочинуваат: Леунора Калиќи (МРТ), Сашка Цветковска (ИРЛ), Ирена Мулачка (Фокус), Анета Андонова (МРТ), Меваип Абдиу (ТВ Коха), Бранко Геровски (Плусинфо) и Семи Мехмети (Алмакос).

На годишното Собрание беше избран и нов Надзорен одбор на СЕММ, во состав: Адријан Ќерими, Сашо Дамовски, Сали Мемед, Генур Исени и Драган Ивановски.

Новите членови на работните тела на СЕММ се заложија дека целосно ќе се посветат на постигнување на основните цели на Советот за етика – подигање на професионалните стандарди во медиумите во земјава, преку почитување на Кодексот на новинарите и Насоките за известување во онлајн медиумите, засилување на медиумската писменост и неширење дезинформации.

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор