Трчаме, а не чекориме кон промени за развој на заедницата!

На 31.04.2023 година, во центарот на Штип, се одржа првата градска трка по рамна патека Superior runs!

На денот на трчањето, стотина луѓе  од градот, државата и странство, заедно со над 150 волонтери од различни фирми  и организации, се собраа на првиот најголем годишен спортски настан во општина Штип, во духот и поддршката на заедницата. Денот беше исполнет со 5к и 10к трчање, но и  забавна прошетка и забавни активности за младите кај паркот на МладиХаб, пред Домот на културата „Ацо Шопов“-Штип, каде играа друштвени игри, освојуваа награди и стекнуваа добри навики, правејќи разлика со сите нас, истовремено обезбедувајќи и донации за развој на заедницата.

Спортскиот настан, во комбинација со трчање и донирање/собирање на средства, ја зголеми свеста за развој на заедницата кај граѓаните и им овозможи да соберат одредена сума за реализација на првите предложени иницијативи од граѓаните:

  • Адаптација и опремување на сензорна соба во О.У. „Тошо Арсов“ – Штип, за децата со посебни потреби, бидејќи целосно се инклудирани во образованието. Создавање нова средина, мулти – сензорен дом, со смирувачко опкружување, каде лицата со посебни образовни потреби ќе ја вратат контролата врз своите емоции кога ќе се чувствуваат престимулирани и кога ќе им е потребно време за одмор. Потребната сума за реализација на оваа иницијатива е 417 000 денари;
  • Поставување на смарт/соларни клупи со библиотеки, на две локации во централното градско подрачје на општина Штип, каде младите кои се синоним за промена, напредок и иднина, со својата енергија, креативност и ентузијазам за обликување и промена на светот на подобро, заедно ќе истражуваат, ќе разменуваат идеи, ќе се вмрежуваат и ќе се чувствуваат среќни каде што припаѓаат. Потребната сума за реализација на оваа иницијатива е 360 000 денари.

Овој сè попопуларен спектакл да служи како показател за денешните општествени односи и за пошироките културни и идеолошки вредности кои се однесуваат на ЗАЕДНИЦАТА. Да се истакнуваат „активните граѓани“ кои ќе ги исполнат своите права и обврски со грижа за оние на кои им е „неопходна“. Вклучувањето во вакви настани да претставува пример за актуелниот тренд на привлекување внимание за масовно трчање во добротворни цели. Од настанот можеме да заклучиме дека „добротворните тела на заедницата“ се изградени од меѓусебните односи меѓу филантропските институции, спортот и индивидуалците.

Активноста е во рамките на проектот „Направи разлика“, кој го спроведува Фондацијата за развој на локалната заедница-Штип, а е финансиран од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), со период на реализација:  22.08.2022 до 20.08.2027.

Погледнете ја галеријата од инклузивниот спортски настан со силна филантропска програма преку која посетителите и членовите се вклучија преку мобилизирање на грижливата моќ на заедницата за унапредување на општото добро.

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор