334781716 182748044461295 6808021155188109294 n

Преку дебата до подобро разбирање на младите за изборните програми

Планинарскиот спортски клуб (КАБ) од Струга, на 4 март 2023 година организираше дебата за млади на тема: „Колку се информирани граѓаните за изборните програми на политичките партии“. Учесниците имаа можност да го слушнат предавањето на универзитетскиот професор Ќашиф Бакиу. Во разговорот што следувал, тие зборувале за потребите на заедницата, а акцентот бил ставен на тоа дека граѓаните не ги читаат програмите на политичките партии ниту за локалните ниту за парламентарните избори туку гласат за политички партии и други цели.

334781716_182748044461295_6808021155188109294_n

Покрај тоа, учесниците дискутирале и за надлежностите на Советот на општината. Тие имале можност од прва рака да слушнат за начинот и работата на Советот како и за процесот на носење одлуки на локално ниво од Ацо Ѓуроски и Сафет Демиралиески, двајца советници кои учествувале на дебатата.

„Невозможно е секој од нас да биде свесен што е важно за неговиот живот и за неговата иднина“, рече Бесник Асани, адвокат и активист. Дебатата и размената на идеи, според него, се дел од сензибилизацијата, а големината на самиот човек лежи во свесноста. И за активистот Ндерим Положани и претседател на КАБ Струга, само духот на граѓанскиот активизам може да донесе радикални промени во општеството каде што политиката диктира се.

330374871_749785630214034_5009355819184554741_n

КАБ Струга го спроведуваат проектот „Колку се реални изборните ветувања“?. Дел од нивните заложби се да ги потсетат локалните власти на предизборните ветувања и програмата за работа за 2022 година во која ветиле дека ќе ја средат улицата „Туристичка“. Станува збор за реконструкција на улица во срцето на градот, покрај Охридското Езеро, која е доста фреквентна и на која и е потребна реконструкција.

Одржувањето на јавната дебата беше овозможено со проектот  „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на Владата на Швајцарија кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), а грантовите ги администрира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор